Значи луѓе опседната сум со тоа што сакам да бидам слободна и на моменти понекогаш се чувствувам така но за брзо се гасат тие чувства. Имам дечко, 2-3 пријатели но сепак како нешто да ми недостига.Ме запира мислењето на другите луѓе,моите родители. Сакам само да бидам своја што се вели (да пцујам коа ми се пцује) коа праам муабет со некој секогаш морам да се преправам и да не бидам своја а јас многу сакам коа пцујам, саркастична сум. Но незнам оти секогаш пазам што зборувам. Преку глава ми е од ова! Сакам едноставно да се ослободам и да бидам своја.Многу ме мотивираат некои луѓе им се воодушевувам на нивниот карактер и самодоверба.Пример коа ќе ги видам тие луѓе ми доаѓа многу "глупости" да направам но пак стојам во место. Не знам зошто така како нешто да ме кочи Не знам дали вас ви се има случено да добивате инспирација и толку да му се воодушевувате на некој од вашата околина ама ете мене ми се случи И да имам доволно самодоверба не сум повлечена ама сакам да видам јас што можам и колку сум јака а не некој да владее со мене.Сакам на себе си да си покажам и да му покажам на тие луѓе дека и јас можам! И да овде ја напишав оваа тема со овој наслов бидејќи не знаев каде.
Можеш да бидеш саркастична и без пцовки, така е многу поинтересно. Замени ги пцовките со смешни зборови, наместо да бидеш вулгарна