1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што доколку оди во казино?

Дискусија во 'Врски' започната од crnamacka01, 7 ноември 2011.

  1. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Дали некогаш вашиот дечко,свршеник,,или маж биле во казино?Што би направиле доколку оди..или бил...?и што ако една вечер ви се јави и ви каже ЛЕЛЕЕЕ ДУШО ПРОПАЃАМ,ИЗГУБИВ МНОГУ ПАРИ...10.000 ДЕН.... бил со намера да добие некој денар,бидејќи има долгови,плаќа кредити..не може се да престигне...а пред тоа ветил дека никогаш нема да оди,дал збор,,негпов другар добил многу пари,,идел секоја вечер...па инспириран од тоа,,ќе добиел..тотално сум разочарана.........
     
    На Ceci16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    казино

    Има отидено, со мене и неколку мои другарки, и бас си поминавме убаво.

    И да отиде пак не би направила бас нисто, нема потреба од никаква посебна реакција или коментар.

    во однос на третото прасање, хипотетиЧкото, не би го верувала ако ми казе дека изгубил толку пари, знам сто Човек имам покрај себе.

    во однос на хипотетиЧкото ветувањето дека нема никогас да оди таму, тогас би си знаела дека имам работа со некој сто има потенцијал проблем и мозеби склоност кон коцка и би била разоЧАрана од неговото признание, мегутоа претпоставувам не и изненадена.

    во однос на последниот коментар од твојот пост, претпоставувам споделувас лиЧно искуство :( :( :(
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    казино

    Јас неможам да го натера да игра со мене покер на соблекување :D а не пак да оди во казино :D а пак бог да чува да уплати за лото, бинго...
    Никогаш не пројавил интерес да оди ниту пак јас. Што знам тоа за мене е виша математика :). Не сум ни ,,против,, ни ,,за,, кој сака така нека си прави.
    Ако ова е твое искуство со дечко тогаш тој е несозреан. Зошто? Затоа што лесно паѓа под туѓо влијание. Незнам каква ви е врската ама сепак е врска и прекршување на некакво ветување за некоја глупост или ситница ајде и ќе се опрости ама за ова :x (според мене).
    Разговарај со него и бори се да си ја спасиш врската ако сакаш или воопшто не се ни замарај. Твој е изборот.
     
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Една работа е идење од зависност, а пак друга од мерак. Мојов не знам дали бил, ама за онолку време колку што го познавам, не бил сигурно.
    Имам другари кои што идат, ама само со 100-ка. И тоа пак не е секој ден, туку онака некогаш. Би ми пречело ако тоа прејде во навика. И не само за казино, туку сите тие такви игри, па дури и кладилница. Уплаќање по 2-3 ливчиња секој ден е излишно. Од тоа не се збогатува.
     
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Неможе да кажеме како секоја од нас би реагирала во дадената ситуација од причина што сите покрај себе имаме партнери со различни карактери.
    Еве на пример Петко мој, идел од разонода, можеби неколку пати и трошел џепарац, значи пари наменети за трошење на излегувања, пијачки, дискотеки и кафани а не пари наменети за враќање долгови.
    И јас сум го направила истото но никогаш не сум ја земала целата плата на мајка ми со цел да ја удвостручам или удостручам под ризик тој месец да немаме за храна, сметки и исплаќање на други трошоци.

    Познавајки го Петко не верувам дека утре кога би бил заглавен во долгови и кредити ќе влезе во казино со цел да заработи повеќе пари, поштењачина е тој, пре би отишол да меша малтер и да биде нечиј помошник па макар и прекувремено отколку да влезе во казино и да ги изгуби и малкуте пари кои ги има во џеб и кои може по рационално и по корисно да се искористат.

    Таквото однесување според мене е прво неодговорно а потоа и незрело, претпоставувам темава ја отвори поради свое лично искуство со блиска личност, мој совет седни и поразговарајте, објасни му дека тоа се игри на среќа, поготово игрите во казината кои се така направени куќата секогаш да добива повеќе отколку играчите, поефтина варијанта му е да игра лото и бинго па и спортска се додека влоговите се во рамки на буџетот кој може да си го дозоволи настрана кредити и остали долгови.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Maката ги тера луѓето на многу работи на кои не би помислувале во совршено време и место.
    Но ете долгови, сметки и си рекол дај да ја пробам среќата која всушност е несреќа.
    Јас сметам дека во секоја лоша работа има и добра.
    Како што те сватив негов другар му рекол да оди и тој прв пат отишол и ги изгубил сите пари што ги имал на лагер таа вечер, тоа е добро зашто сега нема пари да оди и знае дека не му оди добро во таа област а и второ ти кажал тебе иако можел и да те излаже зашто најчесто коцкарите лажат.
    Во случај да добиел има шанси и почесто да оди и да си создаде завиност.
    Добро е да разговарате, да му кажеш дека пари се, си одат и си доаѓаат а оваа случка да му е за памет. Од коцкањето не се заработува пари.

    Не кревај паника не го карај толку и не е крај на светот да си разочарана, не знаеш колку само животот ќе ти пружи разочарувања, ова е само еден незрел потег убаво кажа најубава2010. Туку нека научи од него дека треба со пот да си заработи и потроши истите пари, а не да чека и со хазардни игри да си заработува. Зашто таа зависност е навистина многу многу лоша.
    Во моментов се сетив на една медиумски позната личност, која имаше се жена, 3 ќерки, куќа голема, автомобили, семеен огромен бизнис со пицерии (веќе погодувате нели), а сега нема ништо сега е клошар. Коцката го убива човекот.

    Но се е добро кога е умерено. Јас сум била 2-3 пати во коцкарници на зафрканција дури имав и првична среќа како што би рекле прво па машко си добив некои 50 евра од 100 денари и се израдував ама не отидов после тоа со години, а си уплаќам лото и бинго некогаш, си играм наградни игри, па и спортска уплаќам неколку пати годишно но и работам и заработувам, зашто од тоа живеам, а со овие игри на среќа се забавувам чат пат зашто некогаш среќата и се насмевнува но некогаш, најчесто не ;)
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    И јас се тешев 5 години дека ќе престане платата да ја троши по кладилници и казина а јас после за се да плаќам па ми дојде памет и го откачив. Од такви што сакаат без работа да се збогатат бегај |(
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мојов со пиштол да го тераш нема да влезе таму :rofl:
    економичен и домакин е а што е најважно си ја цени парата што ја заработува со тешки маки и пот
    попрво јас ке влезам, отколку тој :D
     
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Казиното т.е. коцкањето не е воопшто наивна работа.
    Коцкта е бетер од дрогата, несвесно пропаѓаш, пред се психички. Сепак се тоа машини кои се програмирани точно кога да дадат или земат. Факт е дека таму многу ретко некој добива, а додека да добие ќе изгуби 15пати повеќе.
    Баба ми секогаш ми раскажуваше една приказна : „Имала мајката 3 ќерки, сите биле мажени. Дошла едната и и кажала, “мајко мојот маж многу пие“, на тоа мајката и одговорила “ако ќерко ќе пие ќе испие се, пак дома ќе си дојде“ , дошла втората со својата мака “мајко мојот постојано оди по други жени“, мајката: “ако ќерко, ќе оди , пак дома ќе си се прибере до тебе“. Дошла еден ден третата ќерка и кажала “Мајко мојот маж се коцка“, а на тоа мајката “ти ќерко да си дојдеш ваму кај мене, додека не дошло ден и тебе да те искоцка“ .
    Знам многу примери и блиски кои од ’наива’ игра низ казината на крај искоцкаа и кола и рати за кредит , куќа.... А на сето тоа уште полошо е кога зимаат пари на заем кои потоа ги враќаат со камата , а доколку не ги вратат се знае им се случува ’несреќа’(ова го имаше и во мојот град и тоа доста угледен човек заглавен со коцка)....
    Девојче не зборам и кршам прсти ваму на празно, додека ти е време откачи се, зошто верувај на коцкарите им нема спас, ај на наркоман ќе му го исчистат организмот ,ќе престане да се дрогира, коцкар секогаш кога ќе има пари во џеб ќе трча во казино....
     
  10. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Со еден родител кој можам да го наречам „благ коцкар„ имам фобија од овие работи. До сега беше 4-5 пати и многу се лутам, значи премногу. Не троши многу пари, но не е тип кој лесно се одвикнува од тие работи го знам тоа и го приметувам. Троши и многу пари на спортска, мислам реално за мене тие 300 денари за спортска се јадење за цела недела на факултет затоа ми е несфатливо. Можеби и тоа е проблемот, што има па троши, а мене ми се чини дека е многу... А од друга страна има навика на страна да си трга пари. Но му имам кажано, сега троши пари што му ги даваат неговите или такви пари собрани од родендени и глупости, ако се случи некогаш да основаме ние заедно семејство такви трошоци не дозволувам затоа што знам колку мене ми е ускратено, место мене да ми даде плус 1000ка месечно да си купам нешто што ми треба татко ми ги арчи на спортска и такви игри на среќа. А и сигурно не е 1000ка месечно, сигурно се многу повеќе. Некои луѓе имаат граница и се воздржуваат, ја почитуваат. Некои многу лесно ја надминуваат.
    И јас понекогаш уплаќам спортска мерак ми е. Или ќе си купам грепка некоја. Ама казино е веќе за мене она, тонење се подлабоко и подлабоко.
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Среќа мојов ниту бил ниту е заинтересиран за казино. Неколку пати има ставено по "стотче" на кладилница и срце го болеше, па веќе не ни планира да се коцка на било кој начин :rofl:
     
  12. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    заедно ќе си одиме :)
     
  13. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Леле и јас мислам дека тоа со казиното е веќе претерано , еднаш во казино или повеќе никогаш или ЗАСЕКОГАШ!!! Е најчесто е вторва варијанта и воопшто не ми е смешна..... :o :tmi:
     
  14. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Јас би го сватила како сериозен проблем. Тие игри не се наивни и безопасни дури и како се работи за минимални суми. Ако дознаам дека оди би му дала ултиматум. Значи ако дознаам дека влегол уште еднаш не би ме видел никогаш во животот повеќе.
    Јас уплаќам некогаш во кладилница па замислете за тоа дома ме викаат коцкар... :wasntme:
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Бил и оди. Не често, не се расфрла со многу пари, но како и да е, му имам кажано дека тоа ми смета па ќе видиме дали ќе оди пак. |(
     
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.014
    Пол:
    Женски
    Од коцкар човек не бидува:o Не вреди да си во врска со таков. Утре ко ќе дојде до нешто посериозно, ќе немаш леб да јадеш.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Ако става 100-200 денари и тоа ретко, океј.
    Ако се коцка со големи пари, нема ни да влеземе у врска. А ако почне оваа навика додека сме у врска, ќе гледам да го тргнам шо побрзо од тоа, а ако неќе, ќе се тргнам јас од него, па он нека тоне сам
     
    На AAKG и Diavolo им се допаѓа ова.
  18. GirlFromSwiss

    GirlFromSwiss Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2023
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
    Идеме заедно па шо]:)8)
     
  19. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    13.743
    Пол:
    Машки
    Па ова
    522.jpg
     
    На sino.o.oka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Значи дека е клошар и пропалица.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.