Коцката е најлош порок.Па така да би прекинала и врска и контакт со дечко кој се коцка- коцкар.Ако уплаќа спортска и лото океј,ама коцкањето е полошо и од болест.На почеток секако ќе е еднаш неделно,за после да му стане казиното втор дом.
Зависи дали станува збор за завист или одење за ќејф и забава Само кај нас (поголем дел) од казината се место за “клошари” како што е кажано погоре, јас не би се изразила така, почитувам казина со кодекс на облека, добра забава, високи критериуми.
Тотално погрешно мислење, според мене Нагласив дека не зборувам за постојано одење и Нагласив дека не зборувам за околните казина полни со дедовци, мајстори што дошле да ја прокоцкаат дневницата што ја заработиле или некој зависници. Ако имаш можност посети ги Принцес, Фламинго во Гевгелија (тие ни се најблиску), да видиш за каква забава зборувам, со жива свирка, добри пијачки и сл. За Америка да не ни зборувам Само кај нас по казината е најниската класа.
Казино е ок ако не е зависност и кој има карактер да не се навлече. Проблемот е што кај нас ги има на секое ќоше. Исто како кладилниците. Да не заборавиме и спортска е коцкање само кај нас е некако по прифатливо. Како што има луѓе што одат со 200ден у кладилница така има и во казино. Кога ќе слушнеш дека некој иде да пише ливче за 20ден не ти звучи страшно. Исто како една ракија со комшијата. И се е тоа ок дур не почне да се развива навика и после зависност. Па после имате муабет од типот: Ќар сум јас играм со нивни пари и слично А имаш луѓе плаќаат секој месец по 200, 300евра по лихвари само камата. Исто како и со секој порок само што кај коцката е лошо што се навлекуваш на чувството на адреналин кога губиш пари а не кога добиваш. Искрено порано сум бил неколку пати во казино и познавав и познавам луѓе кои неможат да се откачат од тоа. Најдобронамерен совет ако иде во казино многу подобро ќе ви биде без таа особа во животот. А ако веќе ја имате во животот и неможе да престане најдобро цел имот да го препише на некој друг член дома чисто превентивно. Од зависност од хероин полесно можеш да се излечиш.
Не е ок и е лош порок. Че страдаш за леб и потонат во борџој, гратис расправии тепачки и нервози по дома.
Казината ти се next level коцкање и луѓе што имаат навика да одат во казино ретко кој не е навлечен на тоа и најчесто се обложуваат со големи суми. Кладилница и не е така страшно сум се обложувал и јас порано со симболични суми но никогаш не сум станал зависник од тоа или да вложувам големи суми. Реално има луѓе што се навлечени и на кладилници и се обложуваат со поголеми пари но сума сумарум кладилниците се далеку помало зло и понизок степен на коцкање за разлика од казината кадешто се наоѓаат најтешките коцкари.
Казино не е воопшто океј нема шанса да влезеш внатре а да не излезеш без потрошено илјадарче нема тука контрола неконтрола и постои голема шанса од навлекување, а не дај боже да фатиш трикратно повеќе ќе ги вратиш и пак ќе те тера ѓаволот да влегуваш. Познавам луѓе што се навлечени и имаат илјадници евра фрлено по казина и за лихвари и се заглавени до гуша. Пишење ливче во кладилница е заебанција во споредба со играње во казино.
Се согласувам со тебе за казината. А за пишувањето ливчиња несакам многу да зборам има секакви примери околу нас. Имав пријател два стана ги изгуби во кладилница на наводно ливче од 20ден
Бегајте подалеку од луѓе што одат во казино, они се веќе влезени во таа жива кал и само прашање на време е кога ќе се удават, ако сакате и вас да ве повлече, тогаш подадете му рака заедно да потонете.