Години. старост... осаменост.. висини и најголемиот страв дека нема да си ја најдам мојата сродна душа ...
Многу се плашам од тавански соби..Не знам зошто,ама кога ќе видам спуштен таван над мојата глава-полудувам.А инаку не сум клаустрофобична во тесни и мали простори.Ама од тавански соби аууу ептен се плашам...
Од седење сама во соба .... или било каде да сум сама... не дека немам самодоверба ..страв ми е да сум сама во затворен простор затоа често слушам музика или јадам нешто ...
Не знам колку е ова точно, но чув некоја теорија дека два страва се најголеми кај сите луѓе, и се резултат на еволутивниот процес: 1. Страв декаќе бидеш изеден! 2. Страв дека ќе те закопаат жив/а! ....мене ова ми звучи веројатно... а на вас?
Пред некој ден некој ми кажа - не си создавај самата стравови непотребно, се е до силата на мислата. Да ви кажам малку и ми помогна, бидејќи порано се плашев од многу бизарни работи. Постепено ги отфрлив. Ама сепак два не можам да отфрлам - едниот е клаустрофобија ама на тесен простор, поготово низок таван, ми се случи непријатна случка како дете и од тогаш не можам да поднесам ваков тесен простор, или тунел недајбоже. И не знам што ми е ама се плашам од крајот на светот буквално кошмари имам за ова скоро секој ден, како цел свет исчезнува а јас немам време со сите да се поздравам
Страв Мене ми е многу страв да сум сама дома, а не па во темно да сум. Кога бев помала немав никаков страв. Тогаш дури и брат ми го тешев. Се мислам дека мене стравот ми дојде од пред година/две.. Сега и цело време се вртам позади. Кога ќе легнам да спијам, неможам да бидам свртена накај ѕидот. Само што ќе ги затворам очите, се мислам дека некој има во собата. Така ми поминуваат повеќе ноќи. Страв ми е и за да не ми откријат некоја болест. Кога пешачам, особено по угорници, во рок од 1 минута, нема ни толку се заморувам и до тој степен стигам што неможам воздух да земам. Страв ми е и за годините брзо да не ми поминат. После ќе сакам назад, но ќе нема. Сега овие години ми е најдосадно, а за година-две ќе викам `Еј абе што не направив вака, така..`.
Ги прочитав скоро сите мислења и гледам дека повекето се плашат од смрт и темнина... Може да се каже дека тоа е стравот на секој човек, воедно и најголем Можеби ке бидам смешна со мислењево ама искрена ке бидам да си го кажам мојот страв .... Кловнови! Одбегнувам да ги гледам по интернет, циркус строго гледање и на ТВ и во живо последици: депресија 3-4 дена, после тоа страв од ситници да се согазиш од смеење
смрт на блиска личнот.. или на личност што ми значи.. поубаво ја да умрам него ли тоа страдање да го доживувам ... исто така и од темница,осаменост.. и сл.
Најмногу имам страв од смрт од блиска личност, семејството и луѓе што ги сакам. Страв, хм, од несакана бременост?
Најголем страв ми е смрт на многу блиска и сакана личност, а воедно и страв од губење и разочарување од личности кои многу ми значат во животот.
Страв Јас имам паничен страв од пајаци, понекогаш дури и ги сонувам со огромни димензии мислам дека недај боже да ми се приближи некоја тарантула , на лице место ке си умрам