Страв Многу имам страв од темница уште од мала, и ако нема запалено ламба да гледам дека свети не си легнувам, обично во салонот цела вечер е запалена ламбата и подотворена ја оставам вратата за да можам да заспијам, исто така и од оган се плашам многу.
Страв Имам страв од темница,и на некој начин ми беше срам од тоа, да го кажам, ама сега гледам на форумов има многу девојки со истиот проблем, па ми олесна малку!
Страв Од инекции.. значи никогаш немам примено ниту ќе примам... Крводарител сум, и немам гајле да давам крв секој 4 месеци, но инекции неееее Од друго нешто онака фобија немам, може од бубачки, ама тоа тато е тука да ме спаси, па до толку незнам не ми се страшни. Во секој случај менувам една инекција за 100 скакулци да мора да бирам
јас намногу се плашам од староста можи звучи необично, ама мислам дека ко ќе остарам ќе бидам сама, никој нема да ме сака позз
Се плашам од инсекти, повеќе ми се одвратни и гадни, ама ме плашат. Најголем страв ми се болестите, особено оние за кои нема лек.
најмногу се плашам од тоа да не им се случи нешто на луѓето што ги сакам. и страв ми е (за себе) да не паднам во депресија и тоа да ме одведе до самоубивство
Хмм, стравови? Кај мене се во голем број 1.Како помала ја загубив најдобрата другарка, па сега најмногу се плашам од смрт на блиска особа... едноставно најболно е тоа 2.Инсекти, ама баш секаков вид 3.Малку сум клаустрофобична 4.Се плашам од иглииииии Има уштееее ама овие ми се најизразени.
Страв од височина, од премногу бело, во новоно Веро се губам , страв од болест, страв од смрт на најблиските, не од моја.
Страв од земјотрес, страв од оќелавување, страв од лифтови (ма да више се навикнав, само не дај Боже да тропне нешто или да се заглави)
Најголем страв имам од природните катастрофи што се случуваат, на пример урагани, јаки земјотреси, цунами, и сето она што го прави беспомошен човекот.
Се плашам да не ме закопаат жива се плашам да не останам без мојте најблиски и се плашам од тоа да немам пари, да немам да си приуштам работи коишто ги сакам.
Најголем страв од изневера, предавство од страна на Најблискиот, од тој во кој си верувал, вложувал труд во нешто што би требало да треа вечно, емоции, љубов, мисла за совршенство, со години и на крај се пропадне само поради ONE NIGHT STAND. Ментално нема да можам да го поднесам, ке бидам болна до крајот на животот.
Се плашам за моето здравје, здравјето на моите најблиски и се плашам од природата. Мислам дека ништо друго не може да е пострашно...
се плашам дека може да се здебелам,да бидам како фока ....значи од дебелина се плашам,се плашам за моите најблиски,така сакам да знам дека се добро,се пласам за животов,дали ке бидам срекна,дали ке заработувам добро....итн се плашам од изневерување,од дволичност уууууу па јас од мн работи сум се плашела