Од пореметени луѓе ( психопати, манијаци, педофили,шизофренични ) И од неизлечливи болести за тоа нема лек а има сигурна смрт
Се плашам од се и сешто.......сите видови на инсекти, тесни простори, темнина, височина. .... Доста паничам при вакви ситуации, иако знам дека нема потреба, сепак неможам да издржам.
Вода... т.е. длабочина... Ужасно се плашам од самата помисла да пливам во вода кадешто не знам која е длабочината, односно не можам да го видам доле дното. Уф.... се ежам и сега при оваа помисла. Страв ми е и кога пливам море на пр. 2 m. и од доле некои си високи тревишта како врвки ми се мотаат у носе... Мислам дека ќе ме полечат надоле... Или пак ако го гледам дното доле, и ако има некои треви што се ниски и формираат како патека темна, си замислувам некоја змија огромна ми се мота околу нозете. Исто така се плашам и од отворен простор, простор без крај... мислам дека Агорафобија се вика... или пак многупати сум сонувала како се „будам“ и сама сум дома. Излегувам надвор - пусто. Мрачно е, весници разлетани насекаде, точаци и коли оставени на сред улица, ветрот дува и ги ниша лулашките (многу глеам филмови, хорори - и од тоа ми се соновите) и како сум сама јас во цел овој свет. И од таа помисла ми е страв... Многу голем страв имам и од змии. Особено анаконди. Еве некои слики од кои се ежам: A овие 2 ми се најјезиви!
самотијата...понекогаш се чуствувам толку осамена што едноставно се плашам несакам никогаш да сум осамена да останеш сам е најстрашното нешто за мене
Смрт, темнина, бубачки ( од типот на бубашваби и огромни лептири ), неизлечиви болести, змии, и натприродни работи (духови, сенки и такви чуда )
Јас само од бубачки не се плашам а од смрт,темнина,неизлечливи болести,змии и натприродни појави - дефинитивно најголем страв
Имам фобија од црви и слични мекотели, висина и брзина...а кога бев мала параноично се плашев од Пинокио буу
Се плашам од смрт(иако изгубив мн блиска личност неможам да се справам со тој факт),сиромаштија,војна,природни катастрофи и од змии,ајкули.
se plasam od temnina,visina dlaboka i nedogledna vodna povrsina i od psihicki rastroeni licnosti... [mod-kirilica:2hovgj73][/mod-kirilica:2hovgj73]
Се плашам од денот кога ќе треба да се разделам со најблиските ... И кога сама ќе спијам во собата а останатиот кревет ќе чмае празен ..
Од смрт!Се згрозувам од помислата дека еден ден(за некои 60-70 години) ќе ме снема. Се плашам од темница,си мислам дека некој ќе излезе и ќе ме упука. Се плашам од тоа да не ги изгубам најблиските! И се плашам од тоа дека некогаш ќе немам доволно средства за да си ги задоволам потребите(се надевам нема да се случи тоа). Ете тоа се моите стравови,во кратки црти.
Се плашам од неизлечливи болести најмногу кои се мислам дека ќе ме снајдат кога ќе бидам постара! Губење на личности кои ми значат (што се случило во голем број, па и навикнав ), бубашваби црни големи и дебели Се плашам од тоа да не успеам да ги остварам моите лични материјални потреби и најважните зацртани сегменти од животот понатаму. Единствено не се плашам од смрт и духови Зошто тоа го прифакам како природна работа
Мојот најголем страв е дека ќе умрам а ќе останам непозната во светот а иначе се плашам од петарди и пукање на балон ни сама незнам зашто