Височина, тесни простории, језиви ствари како што се-се појави Богородица на слика, се појави последниот јавач на апокалипсата и кловнови
Смрт на блиска особа ... Змии ... И огромна количина на вода ... Има уште некои ама на овие работи само и да помислам колената ми се тресат.
-Затворени, мали простори. Ми се губи здивот и почнувам да паничам. -Потоа, длабоки води, леле, се ежам од една ваква ситуација. -Пајаци! Ги мразам. и верувале или не, темница.. Во соба мора да има запалено телевизор, или во ходник запалено светло.. слики на кои се ежам..
страв од загуба на најблиските.. не излечива болест... силовање... страв од војна.. страв од осаменост..
Дефинитивно се плашам од осаменост, да останам без најблиските (роднини, другарки), а моментално најголем страв ми е тоа што сум без тој што го сакам- овие 2 недели ми се страшни !!!
Се плашам од смртта како појава, бидејќи не знам што следи по неа, се плашам и од загубата на моите најблиски, а најмногу од осаменост,самата помисла да бидам сама и осамена ме убива исто така најмногу се плашам од мостови, кловнови, маски ( 1 Април и карневалите се смрт за мене ), големи отворени пространства, мали тесни простори...
Многу плашливо девојче сум..страв ми е од змии, шкорпии и некои страшни животни, потоа од темници,силување, земјотреси, собраќајки и некои др работи сега не ми текнуваат
и јас сум доста плашлива, страв ми е од морничави места, манијаци, смрт на некој мој близок, некои бубачки, змии...
загуба од најблиските да ме остави поради друга се плашам и од загубата на моите најблиски ,не излечива болест... силовање... Итн
... има грди шест,осум,десет пипки... и никнува кај што не го садите... Абе,јес дека ми се од сојот шкорпионски,ама ги мразам до немај каде! Пајаците! Е тие ми се најголемиот страв! Со мерак ги убивам! Страв ми е понекогаш да бидам сама. Грдо се чувствувам. Сакам да сум меѓу луѓе,посебно меѓу мои и кога не сум... Страв ми е од неуспех со факултетот. Е тоа ми е малку,така,поголем страв кој во глобала зависи од мене,и од мојата (не) среќа. Друго,ништо.