Од самотија, мислам дека нема ништо полошо од тоа да знаеш дека си САМ... иако често тоа може лесно да се промени, со запознавање на нови луѓе, дружење и слично... имам ужасен страв од кучиња, се случило на пат до дома, да сретнам некое мало џукелче и да свртам цел круг затоа што кучето ме гледало (накриво) :geek: некогаш се плашам и од смрт на блиски личности, како би се снашла без нив.... и ме плашат природните појави на кои не може да се влијае ( поплави, земјотреси ).... друго се е подносливо
Имам страв од некој постојано да ме контролира, страв од насилство, загуба на најблиските, страв од неуспех, немоќ, од пајаци.
Најмногу се плашам од кучиња и од тесен затворен простор. Од второто толку можам да испаничам, да се препотам, на моменти дури и се гушам. И да, од загуба на најблиските.
Се плашам од предавство најмногу од загуба на важна личност не мислам само на смрт туку онака да ме повреди да го снема од мојот живот . Секако смрт загуба на блиска личност змии и инсекти итн
Дроги (може ова смешно ви е, ама на мене многу ми е страв),силувања,смрт,војни,инсекти,и од темница исто тоа ми текнува сега.
страф ми е од црв аууу не можам и сега се ежам и од пајаци се плашев ама сега веќе не ---- еднаш на ѕид имаше огромен пајак со огромни нозе кога го видов срцето ми застана се качив на кревет и почнав да викам и да плачам тато иди цел прештрекан ми вика шо ти е и јас вриштам пајаккккк прво дојде ми ја одврти една и ме чучна на кревет и после појде со палома го фати пајакот и го фрли и сега и сама можам да отепам пајак. кај да е и од црв ќе немам страф како што иде летово а тутунот се ближи .... ако сака некоја ефективен лек нека повели кај тато
Имам фобија од птици, особено од гаврани.. Инаку најголем страв ми е ако некогаш во животот го загубам здравиот памет, да останам сама и да не можам да се потпрам на самата себе, ете тоа е мојот страв.
Најмногу ми е страв од крајот на светот, или, постепеното уништување на планетава. Како и да е, се гледа крајот и премногу се плашам. Исто така, страв ми е да не се удрам некаде и цел живот да ми остане голема, грозна лузна на лицето и сите со прст да ме покажуваат А, и страв ми е кога си одам сама во такси.Ми се чини секој момент ќе скривне таксистот и ќе ме грабне
Се плашам од змии, многу многу, ни на тв неќам да ги гледам. Моите стравови повеќе се психолошки, у стил, дали ќе се изреализирам како личност, посакувам да изградам кариера и одлучно се стремам кон тоа, секогаш е потешко за женско бе во овој свет да постигне нешто тоа е мојот страв сега не знам дали е оправдан ... Исто се плашам и од луѓето, од лоши бескруполозни луѓе подготвени на се, кои можат да ти наштетат, понекогаш и од самата себе како ќе изреагирам или постапам во даден момент, уфф бајаги стравови сум имала. Од самотијата не се плашам што знам, навикната сум речиси цел живот да бидам сама, сепак сам се раѓаш, сам се бориш, сам умираш. Паа, отприлика тоа е тоа.
Се плашам од многу нешта, се плашам од смрт, се плашам дека ќе изгубам некој близок, се плашам дека ќе останам засекогаш сама дека нема никогаш да бидам сакана, од грмење, земјотреси, поплави а најмногу од се се плашам од КРОКОДИЛ бррррррррррр
најмногу се плашам од губење на најблиските личности попрво би сакала прва да си умрам јас отколку да останам сама-најголема траума имам доживеано на многу млади години мислам имав 10 губење на родител и затоа имам најмногу страв од тоа.Инаку имам голем страв од висина и од оси и пчели бидејќи сум страшно алергична на нив