Не се плашам веке од ништо... Се шо можев доживеав сум поминала низ многу лоши работи, сум губела многу личности кои ги сакам и само се плашам за една работа-Дали во иднина ќе ми се исполнат плановите од тоа ми е највеке страв.
Мојот најголем страв е дека немат да се снајдам во животот,кога ке требит сама да се издржувам.Кога ке заминам на факултет,па потоа кога ке завршам дека немат да најдам работа и целиот живот ке ми поминит и ништо немат да постигнам во животв.Немат ни да се омажам,ни деца да имам.Не знам зошто али уште од порано,од секогаш така сум мислела.
најголем страв имам од загубата на некој близок како што се моите родители или не дај боже сопругот и страв ми е дека нема да останам бремена повторно бремена............не е добро да сум таква плашливка ама што да правам..........а да се надополнам страв ми е и од грмежи
Наголем страв ми е загубата на блиските личности... Мислам дека тоа не би можела да го поднесам бидејќи не се чувствувам толку храбра... Тоа ми е најголем страв
загубата на некој близок дури од самата помисла ми доаѓа да се шекнам,и од смртта пошо незнам што ќе биде со мене кога ќе умрам често се прашувам -ќе горам или право у рај?
Страв да бидам оставена или да изгубам некој близок. Од тие две највеке. (Првиот незнам од кај ми е, но ми пречи во многу нешта)
и јас имам премногу стравови а не сакам да си ги признам некои се и банални ама не знам како да ги надминам посебно навечер пред спиење се ми се мота низ глава..спас има ли бидејќи некогаш имам чувство дека ке полудам не можам повеќе
Ако и случајно се разбудам еден ден без да помнам ништо од денешниот ден, без ниту еден спомен за се до тогаш преживеано, сите убавини и сета тага. Ако, јас заборавам на себе си, на се' што, било и е мое, за мене животот ќе биде тотално безвреден, сеедно ме нема повеќе. Да можам во таквиот момент да се испазарам за нечиј друг живот да не згасне, би го направила, без и око да ми трепне.
Мојот најголем страв е помислата од тоа што ако еден ден јас нема да можам да си имам деца Ни самата незнам од кај ми доаѓа стравот, но тоа навистина е мојот најголем страв иако немам никаква реална причина за тоа сепак ми е страв. Мислава ми доаѓа секогаш кога ќе видам посвоено дете или пак кога видам среќно семејство со мали деца.