Хехе Сите се плашат од апстрактни работи, интересно Јас конкретно се плашам од скакулци! И тоа страшно многу, никој не се плаши од скакулци толку како мене! Спојлер Колку да се знае сакам змии, пајаци, гуштери... Сакам се освен скакулци!
Се плашам од затворен простор и од темнина а најмногу од загуба на блиска личност не знам мислам дека не би можела да го издржам тоа би полудела!!!
Од стоматолог! И, да, сериозна сум! незнаете кои маки ги трпам дур се наканам да отидам, па дури влезам внатре, па тука има процедура на убедување да седнам на столицата... абе за срам! брука, резил!
Mојот најголем страв... страв од височини (од оправдани причино од 8мо одд наваму) и од болници. У болница никоаш ко мала сум немала потреба да одам ама ете сеа кога ми е нешто ауу нозеве ми се пресекуваат... многу ужасно чувство
Мојот најголем страв е дека ќе умрам млада и нема да си ги исчувам дечињата. Искрено не се плашам од смртта, но сакам да ги изведам децата на пат, бидејќи без мене ќе пропаднат. ММ за ништо не го бива.
Имам страв да бидам затворена во некое тесно место, страв од инсекти, од духови И страв да изгубам некој најблизок
Јас најмногу се плашам од темнина и самотија,исто и до смрт...ова како апстрактни работи. Инаку премногу ме став од коњи,на кој и да им кажам му е смешно. Ама јас од коњи имам страв во коски...бидејќи на моја пријателка и се има случено баш еден немил настан кој видно тогаш ме потресе,беше страшна ден а ние тргнавме на јавање да се опуштиме со мислите...од тогаш натаму,коњи и јавње не сакам ни да помислам!!!!!
Имам фобии.. Како од висина - акрофобија Од пајаци - арчнофобија мислам дека се вика Исто така се плашам од болка. ЕДИТ:Од длабока вода, кога ќе погледнам надоле во морето и ќе видам црнина