Што е вашиот најголем страв?

Дискусија во 'Психологија' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    од самотија најмногу се плашам и од смрт :( :( ;( ;(
     
  3. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Не се плашам дали јас ќе умрам, се плашам дали најбислките би можеле...
     
  4. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Порано до гимназија значи до 18 год.немав никакви стравови,апсолутно...меѓутоа како што станувам се позрела и како што старееме :D млада сум,но од 18 год.досега 5 поминаа почнав да чувствувам страв и тоа од повеќе работи,незнам зошто толку фобии добив,дури неможам да се поднесам самата поради тие неоправдани стравови,нереален страв осеќам,височина и тоа МНОГУ(некогаш во сон ми доаѓа како да паѓам наеднаш во некоја темна бездна,се сепнувам и се будам).Имам страв од мноѓу луѓе околу мене,се осеќам непријатно ме фаќа некоја трема,не баш страв но така нешто-додека порано уживав во гужва,и сакав да бидам центар на внимание-ми годеше,а сега ми смета и тоа.
    Почнав и со запалена ламба да спијам,а секогаш спиев во темница,страв од смрт на моите родители пу пу С КРАЈА ДА Е!ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕ...па од колку работи сум почнала,самата се чудам...Ова не е арно!
    Сакам да се справам со стравот,сакам да бидам како порано,ми смета ова,и мн.сум повлечена во себе,а порано бев многу отворена личност(и тоа мн.не е арно)од искуство си знам.
    Дај кажете чаре како да го пребродиме стравот што го осеќаме,не сакам да живеам во страв.
     
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Самотија.
    Природни катастрофи.
    Разделба од најблиските.
    Лифтови.
    :sweat:
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    од збогување
     
  7. CocoSumner

    CocoSumner Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Змии- буквално се вкочанувам во прв момент и добивам напад на паника. Не можев ни да го изгледам "Змии во авионот", го гушкав брат ми од страв :lol:

    Се плашам од заборавање.. односно некој, што ми е важен да не ме заборави.. :sweat:
     
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Змии, самотија и смрт :(
     
  9. Sunshine.love

    Sunshine.love Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Змии, темница, височина, кучиња и од кокошки (имат ме нападнато ) :D :D :D
     
  10. Magdalena.A

    Magdalena.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Страв

    Страв ми е дека никогаш повеќе нема да сакам...животот постојано ме фрла на колена, овојпат ме издигна кога најмногу се надевав

    19-20ти .2011
    се неколкуте часа што ми оставија печат за цел живот...тешко да се наканам да искочам со дечко или некој толку да ми се засвиѓа...можда и господ ми донел болен начин за да запознам некој мој роднина..Уште пред 1 месец , уште на првиот поглед кога го видов знаев дека ке остварам контакт по било кој услов со дечкото..одма го адднав на фб..зборевме он имаше женска 7 месеци...раскина .. желбата ми се оствари...и по секојдневен муабет решивме да искочиме баш вчера..еднаш ми имаше спомнато дека неговите братучедки ми се роднини, знаејќи го брат ми..искочивме...и баш кога адреналинот ми се качи на 50-ка...кога се разбуди чувството пред да се муваш со дечко...ме пресече со муабетот...Изгледа сме роднини, татко ти го имаше купено моторот од нас..му се јавив во истиот момент на татко ми и ми рече дека ми е трет братучед..ни од далеку неможете да замислите како ми беше..во моментот ми поминаа 300 филма...и 1000 прашања...зошто сум толку несреќна, дали Куманово градот е премногу мал..или пак јас сум најголемиот пророк? Се гушкавме и бакнувавме 3-4 часа. се возевме на мотор...муабетот и моментот од предмувачки се сврте во братски..ме гушкаше и двајцата се запрашувавме зошто мораше вака да биде..иако дечкото е женкар, и покрај се, не му беше сеедно...нозете ми беа како пресечени...цел ден кога се спремав се тресев-имав предчувство некакво..и ете...колку се трудев, колку патев за бившите 2ца, и зошто пак Господ ми праќа вакви паѓања и рушења на моите сништа кога со цело срце ги очекувам...цел ноќ и цел ден го поминав прашувајќи ги моите околу него, дедо ми, татко ми, ми поминуваат секакви прашања и одговори низ глава, му вртев-не ми креваше , можеби сака да застане на спротивна страна, или можеби му е сеедно? Во моментот ми дојде да се обесам кога си отидов дома, дали да побарам помош од психијатар , немам сила да продолжам понатаму, секогаш бев цврста и се борев , зошто барем еднаш не ми возврати Бог со добронамерство? Зошто секогаш живеам во надеж кој згаснува ? Зошто, Зошто , Зошто..
    Мил мој братучед , мила моја љубов, дали Бог те испрати да ги сретнеме нашите души во неповрат или само ме казнува безмилосно ?
     
  11. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Страв

    од кучиња :sweat: и најмало да е и врзено да е јас се плашам и нема шанси во негова близина да седам
    од мртовец (како помала сум се онесвестувала кога ке ја слушнам музиката која свиреше додека ги носеа или одма на :puke: )


    и уште нешто: тоа ми се појави откако дојдов овде-кога сум сама се си мислам дека некој ме гледа преку прозор,дека ме чека во ходник (страв ми е до купатило да одам) дека ке ме нападне или уште милион глупости...и покрај сите убедувања од срцето мое дека нема такви работи,дека самата зграда е под видео надзор,дека сум заклучена јас пак се плашам (и најмногу мразам кога треба да оди трета смена)
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Страв

    Многу ми е страв од темница..Ептен.
    Навечер кога ќе ми се приоди во ве-це ваква сум. :sweat: Среќа, врата до врата сум со ве-цето, па ај... Али сестра ми знае, секогаш се враќам трчаечки, и ја трескам вратата. Имам страв и од инсекти, дома имам комшички-бубашвабчиња. :sweat: Имам уште такви ко фобии, ама моментално не ми текнуваат, најголем страв сепак ми е од темница. :worried:hock:
     
  13. emzzy

    emzzy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    11
    Страв

    Познавам многу лица кои имаат фобии од инсекти и од темница. :/ Но тоа е така, не можеш да го смениш..едноставно ќе си речеш ’зошто да се плашам од темница , нема да ме изеде таа’ и ваљда ќе си го ублажиш стравот.. Јас секогаш после гледање на хорор некои суштества ми се појавуваат , но си викам не постојат тие и немам страв повеќе .. :/ :)
     
  14. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    Страв

    мене ми е страв од мачки..... не знам зошто, ама чим видам мачка пискам и бегам шо подалеку и срцето в петици ми слегува...
     
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Страв

    СТРАВ :tmi: Мене ми е страв од се и сешто и ми нема спас. Ми е страв од мачки,кучиња и др. животни, страв од пајаци, страв од темно, страв ми е кога сум сама, страв од тоа да не им се деси нешто лошо на моите блиски. Мене буквално од се ми е страв :( . Иако некои викаат дека се е во нашата глава многу пати кога сум била сама а нешто мене ми шушка и имам чувство дека некој има и ме фаќа страв, ќе си речам сама нема ништо не си замислувај ама стравот не поминува :(
     
  16. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Страв

    Се е до психата. Си имаме така зацртано дека од "тоа и тоа" ни е страв и тоа е пресудното.

    Јас сеуште имам страв од темницата. Ни самата незнам зошто, но кога треба да одам до некаде во мрак каде што прст пред око не се гледа во моментот срцето започнува да ми чука 300 на саат.

    Бидејќи седам до доцна најчесто јас сум таа која останува последна во куќата будна. Додека не отидам да спијам секаде каде што сум влегла сум ја запалила струјата и така си ја и оставам. Не ја ни исклучувам. :lol: И многу језив момент ми е кога треба да си легнам, а пред тоа да ја исклучам секоја светилка зад мене. :o :sweat:
    И ајде океј, исклучувам дневната, исклучувам кујната, исклучувам трпезаријата, исклучувам предсобјето и останува WC-то. И само набрзина го исклучувам и зимам залет и се затрчувам да ме нема в кревет.
    И на многу пати од дома ми имаат преговарано во стилот "Што си се растрчала ко некој коњ во ова никое време божем ѓаволот те гони." :tmi: ААААА да, и секогаш кога треба последна да си легнам и доаѓа судниот момент ми текнува на овие зборови и магла да ме нема. :lol:
     
    На foreverbeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  17. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Страв

    Најискрено од ништо не се плашам..чудна сум..ни од темница,сама да сум,пајаци,глувци,змии и триста чуда од ништоо..а да порано кога бев помала го гледав Чаки мисалм се викаше филмот со таа куклата што убиваше,а јас дома од сестра ми во собата кукли полно и замислував дека ке стани некоја ке ги убие на сите..дете..а сега хорор филм да гледам и се смеам,како комедија да гледам а од таму црева,коски,нозе,раце,глави летаат мене ми е смешно..се пореметив.. :lol:
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Страв

    Многу се плашам од загуба на некоја блиска личност. Дефинитивно ова е на врвот на листата на нештата од кои се плашам најмногу и ми поминуваат морници низ телото при самата помисла. Се плашам и од осаменост.
    Да не заборавам-и од темница, не дај Боже да се најдам сама во темна соба, најморничавите слики ми поминуваат низ глава и ме фаќа невидена паника. :tmi:
     
  19. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    самотија,смрт на моите најблиски..
     
  20. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Најголем страв имам од смрт, од ништо друго! :)