Неуспех. Луѓето имаат високи очекувања за мене и јас сум ги усвоила истите за совршенство. Сфаќам дека сум човек, па не постои такво нешто. Смрт, ама уште пострашно ми е да умрам и да немам оставено белег позади мене или на нечиј живот. Не сакам да ме заборават. Загуба на блиските, нејќам да станат историја.
паа вака...најпрво страв од пајаци...ги мразам тие суштества уфф!!! смрт на моите најблиски(мајка ми, татко ми,сестра ми, итн...) неизлечливи болести,осаменоста...
Страв од иднината и од тоа што носи таа, страв од неуспех и неможност да ги исполнам сите мои желби и очекувања и страв од смрт.
Како ИНСИДИОУС исто, од невидливи работи, надприродни како што викаат, духови, ѓаволи, сенки, значи упла имам, бев и да ми бајат, и ништо не помага, сеуште спијам со запалена ламба со запален тв, со отворена врата, а сама да заспијам дома, нема шанси, ќе полудам, мислата ме убива, дека може да ме опседне нешто или да ме демне, да има околу мене.......
Моите најголеми стравови (2 вкупно) се остварија до детал . Сега е многу интересно да се гледа светот од друга перспектива што е ретка прилика да се соочиш со незамисливото, да преживееш а притоа никој да не примети. И нормално што побгу да испливаш на површина и да си го завземеш местото кое ти припаѓа а кое заради сопствена или туѓа глупост привремено си го напуштил . И како што вика поговорката не е срамота да паднеш туку да останеш да лежиш и да не продолжиш да одиш кон целта .