Најголем страв..оооо па не знам има повеќе да кажам на пр:смрт,земјотрес,змија,неизлечлива болест,згаснување на сонцето...и многу други.
Од смрт или болест на некоја блиска личност. Темница. Паранормални активности. Височини. Кошмари. Бубашваби, секакви инсекти.
Јас имам страв да не бидам сама во животот,се плашам ако некого засакам дека тој нема да ме сака,се плашам кога некој ке ѕвони и мн ми е страв да видам кој е ,а исто така имам фобија од школо и од било какви часови повржани со наука
Од мачки на прво место , загуба на блиска личност и као што кажа Брајт погоре , од врска во последно време .
СЕ плашам од инсекти и животни, а најмногу страв имам од животното КИКИКИКИРИКА од родот ХОМО САПИЕНС. Пзнавајке се понекогаш мислам дека не сум јас САПИЕНС. Доволно е само миг за да направам глупост што би ме коштала живот, се плашам од мојот преавантуристички дух. Каде ли се ме нема однесено во животот, ама тука биле родителите да ме сопрат и да ме надгледуваат. СЕ плашам од денот кога ке бидам потполно независна личност, којзнае што глупост ке ми текне. Велат со годините ке се сменам, е па јас на 18 години правев авантури што би биле интересни и за некој 40 годишник, на 20 си ги остварив многу мои луди желби од дете. СЕга уште поголеми глупости ми текнуваат и знам дека ке ги реализирам некогаш. Не знам од каде ми доаѓа храброста кога сакам да остварам некоја своја авантура кога во принцип сум пи*ка од човек, бегам на првата закана.Кој знае што ке ми текне па со текот на годините. СЕ плашам од мојата љубопитност...Се што ми било понудено сум го пробувала од љубопитност и сама се чудам како не сум станала зависник на некоја дрога досега.
Да не изгубам уште некој член на моето семејство. Веќе доволно дури и премногу срадав, не сакам да изгубам уште некој од моите најмили Премногу ги сакам и сум поврзана за нив.
Губењето на некој од моето семејство, вклучувајки го и дечко ми...САМОТИЈАТА е мојот најголем страв. Не можам да се помирам со помислата дека некој што го сакам неизмерно нема да е повеќе со мене.....
Страв Луѓе јас имам нов страв. Едноставно навечер ми е страв од се. До сега не ми било вака, се осеќам ко нешто да ме уплашило, а не знам што. Значи страв ми е од темница, страв ми е од тишината навечер, страв ми е да спијам со отворен прозор, се гушам и препотувам со затворен, а башка имам и мрежа на прозорците Не знам зошто вака, порано воопшто не сум имала слични проблеми. Не можам да откријам од што сум уплашена, знам дека така ќе си помогнам, ама ете немам претстава
Страв Како што созревам, незнам зошто, ама од се повеќе работи ми е страв. На пример, после гледање хорор филмови имам некои бизарни мисли, на кои исто така им претходат моите интереси кон "Другата наука", и оние болни мистерии кои жива сила не може да ги докаже, а сепак некаде се тврдат како докажани..
Страв И јас сум така, не си сама Спијам со запален тв, и залапена сијалица, вратата отворена, ако нешто шушне одма скокам, демек којзнае шо има, некој дух ли шо и да е, јас мислам дека целото тоа ми е од мн хорор филмови гледано, и семислам дека нешто има во темнината, и дека некој дух или ѓавол ке ми дојде, немојте ако имате мали деца, или ак имате срав да глеате хорори, мене мн ми влијаеа за жал, и сега не сакам да ги смислам, само некој психолошки трилер може, друго од тој калибар на грозни филмови не. За мене не, а за тие што уживаат во нив, бравос, јас не можев повеќе.
Страв Па ок, ама ете ти имаш причина, јас хорори никогаш не сум гледала дали 3-4 сум изгледала у цел живот што се вика, едноставно од нешто сум уплашена, а стварно немам идеја од што Во ѓаволи и духови не верувам, едноставно ми е страв од темницата, ме прави несигурна. http://www.youtube.com/watch?v=jitg-3xbmKU
имам страв од крв.. ми се лоши при самата помисла а недај боже кога дојде ред за вадење.. директ паѓам во несвест
Земјотреси, урагани, ВОЈНИ, СЕКТИ, и ЉИЉАЦИ Еднаш почнав да паничам толку мн што мораа со шлаканица да ме вразумат. уфффф одвратни амли гадни
Знаеш како вика народот здравиот човек има милион желби а болниот само една да најде лек и да оздрави.
Страв Како се соочувате со стравот од некои луѓе? т.е. со луѓе кои ве малтретираат на училиште без особена причина