почнувам да се помирувам полека со потрошениот напор на целите што ги имам достигнато овај период,премногу емоции што неможам да ги индетификувам полека сваќам дека мие потребна осаменост-независност очигледно го надминувам тој страв.мојот нов страв e од разочараност.е од пропаднати влогови за кој сум потрошила многу време.
Страв Го имав истиот страв до пред некој период.Постојано мислев дека додека шетам во темнината ке ми излезе нешто или некој.Ама го надвладеав тоа и веке слободно можам да се шетам по куката и во три часот по полнок и знам дека,"таму"нема ништо.Пробај да се соочиш со стравот.Ке ти биде полесно.
Страв Немав страв од ништо ,апсолутно. Но,класната до 8мо беше голема паничарка и од неа добив страв мислам буквално на се. А и лани братучед ми го удри кола пред мои очи и сега имам многу страв кога преминувам улица. А и од височина,до пред малку седевме на тераса со другаркиве(на 5 ти седам) а бе се скапав од викање пази пази. Срцево мислам дека ми застанува.
Страв Имам страв само од вакцини, боцкање, игли али не кога ќе ги видам туку кога ќе ми стават алкохол, грдо ми смрди и ми се лоши и се онесвестувам.. али на последните 3 пати не се онесвестив за друго немам страв освен од кучиња кога ми лаат мене
Страв многу пати сум се соочила ама џабе пак е истото.. неможам да го надвладеам соживеан е во мене, за жал..
Страв Не се плашам од никој, ниту од нешто. Се што ме вознемирува, намерно и безкомпромисно се соочувам зошто знам дека се додека се плашам, одложувам, наоѓам изговор и сл. може да ме повреди. Се плашам само од туѓата злоба, себичност и љубомора, зошто знам дека неможам да ги контролирам а може да ме уништат.
Страв од смрт,страв од темница,страв од височина,страв од иднината на некој начин (дали ќе успеаам во тоа што сакам).
Страв ми е од мене. Се плашам дека нема да ги исполнам своите зацртани планови, амбиции... Се плашам од разочарувања, од неисполнети ветувања, од прегазени принципи. Од нешта што нема да се натаманат според трудот, еланот и вољата која сум ја вложила во нив за да се реализираат... Нормално, како и секој човек (нормален ) ми е страв од загубата на блиска особа, т. е. од смртта. И ужасно ми е страв од крв, бубачки и височина. .......и страв ми е, ама повеќе ми е мака што се почесто глупавите луѓе со длабоки џебови прават инвазија во светот каде што живеам јас бре, во светов кај што веќе одамна бледеат вистинските вредности.
Се плашам од мојата иднина, што таа ќе ми донесе, од случките кои ме чекаат. Страв ми е да не ме очекува неуспех за она што го посакувам и планирам да го остварам во иднина. Се плашам од загубите во секоја смисла на зборот...
Порано се плашев, ми беше страф дали ке успејам во животот, дали ке станам нешто и од смрт исто така. Но денеска, како поминува времето, го искоренив тој страф.... .... можеби чудно и смешно ама повеке не ми е страф од ништо ...