Се плашам дека секогаш ќе останам сама дека нема да најдам некој што ќе ме сака Се плашам и од загуба на саканите луѓе
Се плашам од старост се плашам да остарам и се плашам од смртта на блиски луѓе со самата помисла дека ќе ги изгубам еден ден паѓам во депресија и затоа се обидувам да не мислам на такви работи!!!
Страв од бубачки и такви други гнасни створења. Од паранормални појави. Од земјотрес. И најголем страв дека ќе загубам некој што го сакам (семејство,роднини,пријатели).
Зошто мислиш дека некој жив/а би те закопал? Немој со вакви непотребни стравови, исфрли го тоа од глава.
имам книги за психологија дома и ја мислев дека не постои такво нешто али во книгата имаше листа на фобии и меѓу другото фобија од жив закопан. Имаше и конкретен термин ама сега да ме убиеш не ми текнува :
^ Чекај малце. Значи ти се плашиш да бидеш закопана жива само затоа што си го прочитала тоа во книга?
Се плашам од испитувања,тестови,лоши оценки Мислам дека тоа е нешто како тестофобија? Постои ли тоа чудо ? Го имам гледано на филм
Од повеќе работи се плашам!Темница(т.е. од неочекуваност ), смрт на близок(родител, роднина, пријател, дечко), височина(премногу се плашам-најголем страв ми е ), змии, потполна тишина во соба каде што сум сама, осаменост(без да основам фамилија и никој да неам до крајот на животот), мртовци, луѓе со психички проблеми(страв ми е што можат да направат), духови (и сите такви чуда) сигурна сум дека има повеќе овие ми се баш стравови, другото све е пролазно.
Најголем страв имам од змии, инсекти, неочекуваност, смрт на близок, од една сенка црна што ми се појавува скоро еднаш месечно, значи одам одам и како некоја голема црна сенка како полжав без куќа поминува пред мене ми пресекува пат
таа фобија постои одамна, ја имал дедо ми...а јас ја имав уште од мала ама не верував дека постои баш како фобија, после се просветлив
Вода. Големи пространства околу мене каде нема ништо освен вода. Не можам на раат одмори да поминувам заради ова, кога пливам никогаш не одам далеку а кога сум на брод само тие околу мене знаат што се крие зад таа насмевка и само се молам да заврши што побрзо. Морници ме лазат кога го чуствувам нишањето на тлото под нозете и бродот кој се ниша. Главно не зборувам многу за ова и се трудам да не ми е проблем со тоа што ги избегнувам крстарењата или едноставно храбро и со стиснати заби бројам минути до крајот на патувањето кое не ми е ама баш никакво задоволство. Она што не можам да го смислам е да останам сама во ваква ситуација. Не можам да си објаснам од кај е овој глуп страв и дури ми е срам да раскажувам за него...
мене па за тоа насред океан да ме оставиш ќе си уживам и пливам ) само ајкули да нема и средена работа