Најголем страв, а? Па, животот. Како ќе биде животот со мене, од тоа ми е страв. Дали ќе успеам? Дали ќе сум среќна, сакана и задоволна? Задоволна пак од него, од животот.
Стравот како психолошка појава се темели на одредена фрустрација која ја носи секој човек.... Стравот е спротивен на успехот во која било смисла на зборот. Мојот нај голем страв е осаменост Анализирајки се себе си понекогаш ја презирам таа карактеристика моја. Затоа што така сум склона на емотивна слабост. Подобро имај квалитетни 2 ца луѓе во твојот живот, него 100 лицемерни....
имам повеќе стравови во животот,можеби е така поради тоа што и не сум ги имала ваквите проблеми :болести ,смрт ,сиромаштија.
Моментално, се плашам од сама себе, да не направам некоја глупост. Сите ги мразам. Се плашам да не го загубам паметов, да си го земам палтото, да си излезам надвор и ... Сакам да ме најдат смрзната утре! Па да видиме дали некој ќе се засекира како сум!
Смрт. Но не моја туку на личностите кои ги сакам. Спојлер Се плашам и од многу други работи но тие едноставно губат смисол пред смртта.