Е сега подгответе се за еден долг пост на стравови: 1. Болка 2. Смрт 3. Земјотрес, ураган, торнадо 4. Височина 5. Длабоко во водата ме фаќа страв да не се удавеам и мн. паничам 6. Инсекти 7. Влечуги 8. Водоземци 9. Наркомани 10. Темница 11. Луѓе со деформитети (искрено ми е жал за нив ама кога ќе ги видам ме фаќа некој невиден страв)
И јас сум многу плашлива личност Ау мислам дека некој ден срцев удар ќе добијам Се плашам од самиот живот, дали ќе завршам факултет, дали ќе најдам работа, дали моето семејство ќе пропадне поради долговите што ги имаме, дали ќе останам со сегашниот дечко и покрај тоа што тој е едно разгалено детиште... Ахх животе мој Дојде време кога мораш да се пазиш од секого Страшно
1. Болна смрт 2. Загуба на блиска личност 3. Осамност 4. Тeмница 5. Луѓе со деформитети (жал ми е ама и страв ми е) 6. Да нe си ја најдам сродната душа, па да нe си умрам сама
Мојот најголем страв е змии дефинитивно. Да видам змија уште пред да ме касне, ке се онесвестам. Фобија имам од нив
Мојот најголем страв е страв од вртоглавица и паѓање во несвес, од тоа ужасно се плашам и ми е прераснато во еден вид на фобија.
Пред 1 година изгубив 2 личности кои ми беа како мајка и татко. До тогаш не се плашев од смртта но сега моите најголеми стравови се смртта и губење на личностите кои многу ми значат на било каков начин :’(
За да го победите вашиот страв пред се треба да се соочите со него, бидејки во никој случај неможете да победите. Значи ако се плашите од високо треба да соберете храброст и да се соочите со висината, бидејќи клинот со клин се избива. Само незнам кој совет да им го дадам на оние кои се плашат од смрта Инаку во литургијата по повод Велигден Воскресените Христово, во еден пасус се вели Исус, смрта со смрт ја победи. Па ако е ова вистина што ве кошта да пробате )
Покрај фобијата од кучиња и инсекти, голема фобија имам од загуба на одредени личности. Ама не загуба во смисол на смрт, туку од тоа да не исчезнат од мојот живот поради некоја причина, посебно ако причината е некоја моја грешна постапка односно ако причината за нивното заминување сум јас. Ако ги изгубам поради смрт ќе можам некако да преминам преку тоа, но ако е поради тоа што го наведов погоре не би можела. И имам страв од иднината и од тоа што може да ми се случи.
Имам страв од инсекти, исто се плашам за моите дома, за нивното здравје, не би поднесла да изгубам уште некој, особено некој од бабите или дедовците кои ми останаа, едноставно би ме скршило пак да поминам низ истото, нормално дека се стари и здравјето не им е најдобро, само сакам да ме видат да успејам во животот и да ја дочекаат стотката , и тоа од срце им го посакувам... А лично за мене, се плашам да не си го исполнам тоа што си го ветив, т.е да не си го остварам мојот сон.
Од што се плашите во животот? Се плашам од помислата дека -целиот живот ќе го поминам сама.. -кога ќе умрам никој нема да ме жали и на никого нема да му недостигам...