Од што се плашите во животот? Ти препорачувам да ја прочиташ книгата "Кој ке плаче кога ке те нема" од Робин Шарма..
Од што се плашите во животот? Од болести Од тоа да им недостигам на родителите да ги загубам блиските Од она место каде што ќе одам после смртта
Од што се плашите во животот? Страв ми е да не поминат така годиниве, без ништо да постигнам... Мотивирана сум, морам да успеам
Од што се плашите во животот? -Се плашам од тоа да останам сама, -Да загубам блиска и сакана личност, -Да не не успеам во ништо во животов, -Од операции .
Од што се плашите во животот? Се плашам од изреката -Она од што најмногу се плашиш ќе те снајде. ( Заради неа не сакам да размислувам од што ми е најмногу страв )
Од што се плашите во животот? Имам страв од темнина, височина и смрт, што донекаде е и нормално. Ама имам еден најголем страв, кој не се споредува со овие а посебно се засили во последно време, а тоа е страв од осаменост.
Од што се плашите во животот? јас порано многу се исплашив и тоа замислете од што од коза, во комшии чуваа коза и незнам зошто навечер имав кошмари како козата ме брка со роговите а сега се плашам од пајаци од осаменост да не загубам некого од саканите личности
Од што се плашите во животот? зависи од периодот со какви настани и ситуации ми е исполнет..ако сум под стрес ме плаши на најтивко шушкање,халуцинирам имам грчеви и гасови во стомакот!а се плашам од висина(не балкон повисоко од 3-ти спрат не седам,и од болести се плашам Бог да чува!
Од што се плашите во животот? моментално се плашам од смрт...не сакам моето дете да го оставам без мајка..
Од што се плашите во животот? да останам сама.потоа да донесам некоја одлука и цел живот да жалам за тоа и да посакам да го вратам времето.
Од што се плашите во животот? се плашам од темнина,од некои болести недај боже,од смрт....... од манијациииии .....
Од што се плашите во животот? Од самотија, од промашени одлуки, од изиграна доверба, од крај на се ... од загуба на најдрагите, а верувале или не од лет со авион (кој еден ден ќе морам да го совладам)
Од што се плашите во животот? Загуба на најблиските, непознато, осаменост, болести, смрт (ова веќе преоѓа во патолошки страв), природни несреќи, да бидам изиграна. Понекогаш се плашам од самата себе, поточно од моите избори и реакции.
Од што се плашите во животот? Загуба на најблиските,болести,природни несреќи,навреди,имам страв од кучиња
Од што се плашите во животот? od straf da ne me napustat lugeto sto gi sakam i vo posledno vreme cesto me progonuva toj straf i neznam kako da si pomognam.......