Од што се плашите во животот? Најмногу од се се плашам од болеста рак, нз ни ја зошто, се плашам да не ги изгубам мајка ми , татко ми брат ми и двете најдобри другарки
Од што се плашите во животот? Сите стравови се изведени од страв од непознато, а као ултимате непознато: страв од смрт. Во принцип не се плашам. Одамна ја имам прифатено својата смртност (за тоа треба километража), но постојат и мноооогу пострашни работи од умирачка.
Од што се плашите во животот? Единстевно имам старв од стравот! Поточно од ништото, се плашам од она што не постои, се плашам од она што не може да ме нападне, се плашам од самата себе!
Од што се плашите во животот? Од некоја емотивна болка, болест, загуба на некој од моите блиски, смрт.
Од што се плашите во животот? од Gоспод!!од помислата да живеам сама и еве еден текст Спојлер никој не се плаши од височина,се плаши од паѓање..... никој не се плаши да игра,се плаши да изгуби.... никој не се плаши од темнината,се плаши од она што може да има таму... никој не се плаши да каже те сакам....се плаши од одговорот
Од што се плашите во животот? Моментално од една голема глупост која ете стравот ме надвладеа и ми влезе у психа...а баш е глупост..глупава јас...
Имам многу стравови, но сепак за мене најголем страв бил и ќе остани стравот од змии. Се наежувам и на самата помисла на нив, а не пак да видам некоја огромна пред мене. Ќе си умрам ан место.
од што ми е страв ааааа па најмногу од се се плашам за здравјето на децата и на моето и на сопругот од друго не само се потресувам кога некој ке настине оти што не имам поминато низ болници со децата и затоа се плашам само за здравјето на фамилијата
Паааа....знам дека ќе звучи чудно ама најголем страв ми е од цигари. Многу се вадам од памет кога сум во гужва и ќе видам некој со цигара у рака и ако поминеш покрај него да те изгори, а во суштина највеќе ми е страв да не почнам да пушам на мали години, значи многу сум против пушењето ама после сонот во кој пропушев во едно лошо друштво ни со нив веќе не се дружам и цигара коа ќе видам бегам како луда.