Од што се плашите во животот? И јасссссс .. Само тоа да не се случи .. Најважното нешто во животот е среќата на човекот
Никогаш не сум зборувала за мојот страв. Се плашам од пијани луѓе, можеби смешно ќе ви звучи ама мене ми е страв и ден денес тој страв го имам во мене, кога и да видам пијан човек јас се стресувам, срцето ми чука лудо, и се тресам целата, се потам и гледам што побрзо да побегнам. Како мала татко ми често знаеше да се напие и да не малтертира сите дома, во никое време знаеше да не избрка од дома, знаеше да крши, да се дере, да пцуе, знаеше без причина да ја грабе мајка ми и да ја удира со сета своја сила, тогаш бев немоќна да ја бранам и само гледав и плачев, неколку има завршено во болница и ние со неа, бидејќи тој не бркаше, и со денови не го интересираше како сме, дали сме јадени, дали сме живи. Мене никогаш ме нема удрено, а брат ми да, последниот пат беше пред 12 години, си дојде пак пијан и заради една батерија ја тепаше мајка ми, таа пискаше, а тој беше посилен , тогаш Господ ми даде сила, станав и со вазна го удрив по главата, тој падна а мајка ми избега, останавме јас и брат ми, кога си дојде тој при себе, го фати брат ми, му удри шамар, го фати за рамењата и почна да му се дере, го гушнав брат ми и на татко ми му реков, немој да го удираш него, удри ме мене бидејќе тој не кренал рака на мене, стана го скрши стаклото на масата и излезе, веднаш ја најдов мајка ми која отишла кај соседите, се шокирав кога и го видов лицето облеано со крв, ја гушнав и и ветив дека тоа е последен пат да дозволам тој да крене рака...
Од што се плашите во животот? Искрено се плашам од повеќе работи. Ме плаши банкрот, осаменост, не доволен успех, отфрленост, беда, монотонија, несреќа, и др такви пропратни срања...
Не се плашам од губење на блиски личности, никогаш не би направила нешто да ги изгубам. На ова поле секогаш внимавам - што зборувам, што правам, како се однесувам. Страв од болести, огромен страв. Бубачки, висина, оган и вода. Бубачки секакви, пајаци, мравки, бубашваби, бумбари. Од висина почнав да се плашам во 8 одделение, се возев на една гондола во луна парк, за малку не умрев од страв. Од оган секогаш сум се плашела и од вода. Мајка ми секогаш ми велеше, не ги потценувај. Пример вода. Што ако знаеш да пливаш, пак може да ти се случи нешто.
Се плашам од бубачки Спојлер летачки копилиња по мое , змии... али се тоа се ситници ! За свој најголем страв сметам - загубата на некој близок и преголема физичка болка
Не, не звучи смешно затоа што твојот страв не е обичен туку последица на трауми, се надевам дека си во добра состојба ти и твоето семејство сега, а што се однесува до стравот сигурно можеш да го надминеш, но со стручна помош и многу време.
Се плашам дека никогаш нема да ми се исполни желбата да бидам целосно среќна и исполнета личност во љубовта. се трудам да бидам позитивна и оптимист, ама секогаш ми се случуваат негативни работи во живото...се плашам дека нема никогаш вистински да се заљубам
сите имате некои одредени стравови а јас јадната нема од што не се плашам како некој психопат сум се што мрдне се што шумне мене ме парализира (се здрвам неможам да се издишам) но најголеми стравови ми се помислата на загуба на моите нај блиски родителите и мојта љубов болести, темнина, грмотевици, смрт и сл
абе многу се плашам од инсекти.. а како мала ич не се плашев- со другарка ми нон стоп фаќавме бумбари, скачки.. абе се се... ама сега многу голем страв имам не знам зошто. Сакам да го совладам ама некако не ми оди- не можам.
Осаменост- неможам да се замислам без луѓето кои се околу мене и кои ги сакам ,еден ден да ги изгубам ..
Јас премногу се плашам од вода.. незнам да пливам, а несакам ни да научам.. исто така и од висина.. Никогаш не излегувам на балкон.. ми се чини ке се урне и ке паднам заедно со него а и од пајаци многу се плашам, зашто имаат многу ноѓиња.. уууххх бљааккк.... А најголемиот страв ми е да не ја изгубам љубовта на мојот живот.. не би можела да живеам без негоо
Хаха и јас Особено мрзам кога ми се смеат а мојот страв од пајаци (којзнае што ќе правам кога ќе имам деца ). Кога ќе видам некој голем, црн со дебели пипалки бегам у неповрат
хахаххх... викајј на помош, кога ке видиш некој таков... ухх.. морници ме лазат.. мислам дека никогаш нема да го победам овој страв
Најмногу се плашам од осаменост, загуба на блиски луѓе, од кловнови и од вода. Првите две работи ми се неверојатно ужасни и воопшто не сакам да замислувам што би се случило, а вторите можеби ќе ги победам некој ден - не се ништо во споредба со првите.
Се плашам од безпарица,а од самотија не многу. Се плашам ако имам деца не дај боже да немам доволно пари за нивни потреби. Ме плаши тоа што немам поддршка од моите, ни вербално, ни парично.
.. ..лично од затворен простор и височина....... . ..општо, нормално од поплави,пожари,војни,безработица,безпарица,....