Се плашам да не се разболи некој мој близок . Од самата помисла нешто во мене се распламнува, несакам ни да мислам на тоа. Тоа е мојот најголем страв.
Се плашам од земјотрес и тоа од неодамна бидејќи бев сама дома кога мислев дека се ќе се сруши врз мене,толку тресеше што не се сеќавам какви се работи не изнакажав во моментот.Сега кога ќе легнам неможам мирно да заспијам мислам дека ми се мрда креветот,дека крцка нешто,многу лошо чувство исто како да се чувствуваш беспомошен во моментот.Ве молам кажете како да го надминам овој страв.Фала
најмногу ми е страв од загуба на некој близок,мислам дека тоа ке ме докрајчи исто многу ми е страв да не останам сама цел живот,читај стара мома од осаменост најмногу ми е страв
Од што се плашите во животот? Од Господ пред се, потоа загуба на драги личности, неуспех и неизлечиви болести !
Од што се плашите во животот? ... ..природни појави како пожар,земјотрес,поплави....а лично се плашам од старост и немаштија..... ...староста како период од нашиот живот е придружена со разно болести и немоќ,а немаштијата,да не дај боже да немам работа ,пари,место за живеење......кучешки живот?????....ццццццц....
Загуба на некој близок од семејството и пријателите.. И можеби е смешно ама јас ужасно се плашам од кловнови..
болка ,осаменост , смрт и да не ме напуштат две личности без кој неможам дечко ми и братучедка ми за која сеуште живеам