Загуба на некој многу близок,неизлечлива болест,несакана бременост-приморан абортус,голем неуспех и неостварување на моите замисли и сонови-кои што барем засега би можеле да станат реалност
Најголем страв ми е тоа дека еден ден ќе треба да се соочам со загубата на моите најблиски,а знам дека тоа многу тешко ќе го поднесам.Ме плаши неуспехот ,а во последно време и тоа во што се претворивме ние луѓето.Доведени сме во ситуација кога на никого не можеш да се ослониш или повериш зошто не знаеш кога можеш да бидес изигран и повреден
секако загубата на најблиските и останувањето сама, а во поседно време најголем страв ми е неуспехот.... неотстварување на соништата што строго ги следам низ целиот живот и сите мои ресурси се усмерени кон нивното отстварување!
Најголем страв од смрт (моја и на блиски), неизлечлива болест, исто така имам фобија од инсекти - не сега ептен од мравка да се плашам но да речеме дека кога даваат на телевизија пајаци, црвја, стоногалки и други такви бубачиња, ја сменувам програмата Уууу да, страв ми е и од височина!!
1) Од тие столовите што се клацкат знаете од тие дрвените порано што бабите седеле и ги успивале децата ама ако се од старо дрво и не излакирани и кога ќе им ја видам сенката бррр наежам се 2) Инсекти 3) Од скршени стари кукли фрлени 4) Од убијците што одат споро накај тебе а ти бегаш бегаш а знаеш дека ќе те убијат (немам доживеано такно нешто ама од филмови знам ) 5) болка загуба повреда смрт болест не дај Боже
1.Роботи -одсекогаш сум се плашела,па дури и на слика да ги видам,дефинитивно мојот најголем страв. 2.Фен-чудно,но вистинито,уплав имам од фенови,најверојатно зашто како мала додека ме сушеле 2 фена се запалиле пред мои очи. 3.Темнина и смрт - секогаш ги спојувам овие две,и не поднесувам да е изгаснато светлото во дневната ни 3 секунди. 4.Стари кукли-секогаш сум се плашела,се мислев дека ме гледаат,или пак кукли-бебиња и сите можни кукли на батерии,2 имам искршено. 5.И да,како некои што пишале - загуба на најблиските,незнам дали ке можам и како ке се соочам со тоа..несакам да мислам.. пу пу скраја да е..
Страв од денот кога ќе ги изгубам најблиските. Немам поим како би продолжила напред. Самата помисла ме наежува. И страв од осаменост. Тоа ми е најболното нешто после погорното.
И од скали. Страв ми е да не се утепам и да ми се смеат бидејќи веќе 2-3 пати ми се случило. А кога сум на штикли и треба да одам по скали ни јас сама не знам како одам и како сум стигнала цела.
Мојот најголем страв е дека еден ден ќе се најдам на дното и дека животот ќе ми се преврти наопаку. А затоа можам да и се заблагодарам на мојата безгранична храброст и смелост која ме тера да правам неверојатно ризични работи.