се плашам од висина, змии, земјотерс, џокер и кловн дали ова му се случува на некој друг? кога ќе кажам дека се плашам од кловн и џокер сите ме гледаат вака !
Кловн. Има нешто морничаво околу нив што сум го мразела.. Со нивната лажна смеа... Нацртаната насмевка..
Иста сум. Со тие змии веке ахх.. Одкако кажаа дека во близина на моето место на живеење виделе две големи по 2м и сеуште не се фатени душа немам. Дома сум како детектив , проверувам да не влегла некаде. На ова топло време спијам со затворени прозори од страв.
Височина исто така став ми е и од лифт и тоа премногу и секогаш одам по скали па макар и на 50 кат да е во лифт не влагам никако , страв ми е и од змии, кучиња, сама да останам дома ми е страв по 100 пати ја проверувам вратата дали е заклучена и кога ќе ми тропне нешто мини срцев удар добивам и се проверувам да не ми влегло нешто И страв ми е од темнина
Од болка на нешто,од некој инсекти,животни...ама најголемиот страв во последно време ми е СМРТ! Големата моја љубопитност ,,што се случува после смрта,,? Е тоа никако неможам да го исфрлам од главата...Ако можете да ми дадете неколку корисни совети од кој би го пребродела тоа ...ПОМОГНЕТЕ!
Смрт на блиски луѓе. Тоа е мојот најголем страв. Потоа од безизлезни ситуации. Пример тешка болест, летање со авион, ако почне да паѓа нема излез или пловење со брод во сред море, ако почне да тоне нема ни за тоа излез, ќе пливаш ама на толкава површина којзнае што ќе те изеде. Многу филм направив ама мене навистина така ми функционира мозокот. И еден од моите најголеми стравови се ЗМИИТЕ. Аууу и зборов кога го напишав се наежив. Ама мојот страв е веќе фобија. Не е онака обичен како и кај другите луѓе зошто скоро сите се плашат. Мене почнуваат сите функции на телото да ми застануваат само на телевизија ако видам. Ми се зема здивот и неможам да го контролирам тоа, отсекогаш било така. Одбегнувам во треви да одам само заради нив. Некогаш ми е страв и на улица кај мене да поминам затоа што под улицата има трева и некогаш знае побрзо да порасне па изгледа како џунгла (или на мене така ми изгледа ). Само си се надевам дека никогаш нема во живо да видам, зошто на лице место срце ќе ме фати ама буквално. Инаку од други работи не ми е страв. Од ништо друго. За се друго сум јака.
Кога би се изгубил во луксузот .Навистина !.Несакам луксузен живот до таа мерка да незнаеш кој си,што си ...да те гледаат со очите идол спонзор -глупак , тоа ме плаши најмногу ....... Полошо од дрога-та е непотребен луксузен живот ,мислам дека човек станува зависен до тој степен што оди во крајности неразмислува за себеси (факт е дека не му е гајле за другите ).Најлошото е што за се има крај ...Крајот на луксузниот живот е кога ке се достигне врвот мислејки дека се во животот си постигнал најчесто со поседување и контролирање на материјални рабти.Стварањето на комплекси со луксузот се дополнителни товари што се наметнуваат ,следуваат отпосле кога човек нема-л каде .Ова го велам од 1 причина ,што и да прави човек ако нема чувства ,искрена насмевка,топлина и малце љубов неможе да го искомпензира долгорочно со нешто друго .Има оперирани од тоа чувство но блазеси им ,дали човек да ги жали или пак да им завидува на моменти кога мислиме дека ни фали тоа чувство .
Најголем страв ми е да бидам сама, да немам другари, да немам семејство.. Од смрт на блиска личност .. Змии
Смрт/тешка болест на блиска личност Осаменост страв ми е да бидам сама иако може да се каже дака во моментов а и веќе подолг период сум многу осамена.
Смрт на некој од потесното семејство, став ми е да не ми го украдат, отрујат или да не ми умре Макс (кучето), осаменост, пајаци, оган и темница ://