Од самотија..иако сакам многу често да бидам сама, не би преживеала да ги немам околу себе оние кои што ги сакам. Се плашам и да не изгубам верба, или пак да престанам да се надевам. А кога спомнуваме и и животни, од секаков вид на инсекти...едноставно не можам да бидам во нивна близина
исто и јас се што прочитав скоро од се и ми е страв а најмногу ми е страв од инсекти и кога ке слушнам некои чекори или некое тропање навечер па и дење кога е тишина мислам срцето ке ми излета
Имам многу стравови. А најголем не можам да издвојам, затоа што од се што се плашам, се плашам подеднакво. Најнајмногу можам да ги издвојам стравот од кловнови и инсекти.
најмногу ми е страв од смрт или болест на блиски личности , посебно на дечко ми , зошто ми е најдоброто нешто што ми се случило . од крајот на светот, сообраќајки, елементарни непогоди, кловнови, бубашваби , од ајкули(не можам да уживам кога сум на одмор заради ова )...
заборавив да кажам и дека ми е страв од апчиња може на некој ке му звучи смешно ама ја во животот никогаш не сум голтнала цело апче имам фобија и се мислам дека ке ми застане во грло
страв ми е кога ме поддавуваат во вода(знаете онака некој од зафрканција)..не се контролирам, заборавам да дишам и помислувам дека е свршено со мене
vo posledno vreme se plasam od mnogu luge - guzva ( ne znam zasto ama sakam da mi pomine toa sto e mozno pobrzo), isto taka se plasam mnogu od osamenost
Најголем страв... најверојатно да не успеам на работно поле, значи да бидам уште еден од лузерите и да бидам само отпадок во светов. Порано дури и од порцелански кукли се плашев, а бев и клаустофобична... сега веќе не. Мала шала, црн хумор: -Зошто дечко и ја уби Ксенија Пајчин? -Зошто бил ксенофобичен!
моментално се соочувам со мојот најголем страв, да бидам сама ( без дечко од вчера, без другарки, другари, роднините исто како да не постојат), сега сум сама, меѓутоа не плаши тоа штоа сега сум сама, ме плаши да бидам сама и во иднина т.е. да ми продолжи животот сама како сега... Тоа ми е најголем страв. Ако знае некој како да се справам со ова нека ми каже, бидејќи понекогаш е неподносливо тоа чуство
Мој најголем страв се скакулците, толку имам фобија од нив, што кога ќе ги видам се скаменувам, ми проаѓа струја низ телото од страв.Брррррр.... Порано се плашев од инсекти оси,пчели такви, сега го надминав тој страв исто го надминав стравот од камиони, одкога положив возачка Ама со овие скакулциве,незнам што да правам, мн се страшни, непредвидливи, и скокаат и летаат , уффф со самото зборење за нив имам реакции . 5 години спиев со затворен прозор во сред лето, од нив,.Сега си ставив мрежа конечно
Јас имам неколку стравови: 1. да ги изгубам најмилите (мајка ми, татко ми, пријателите итн.) 2. да не оформам своја фамилија 3. да останам без пари а исто имам страв ако треба нешто да презентирам пред голем број на луѓе. Овој страв не е толку поврзан со луѓето отолку што се плашам да не треснам некоја глупост