Mozebi e smesno ali mene mi e se strav da ne mi vleze nekoj so nasilnicki doma da ne ne utepa nekoj mene I mama
Се чувстувам како да ги надминав стравовите иако секако понекогаш сите имаме стравови, кога читам вака многу од нив ги имав, а сега стравот со кој се борам е дека неможам доволно да им се посветам на моите блиски луѓе, секогаш го чувстував тоа уште откако знам за себе ама нема да дозволам да ме победи стравот кој сама го создадов
Желбата ми е најголема да ми децата бидат луѓе, во вистинска смисла на зборот, не по стандардите и трендот на денешното материјалистичко, себично време, да бидат на прав пат. Е па најголем страв ми е да не биде така и да се чувствувам потфрлено ко родител... а и тие да го промашат животот.
Да не им се случи нешто лошо на луѓето коишто ги сакам. Никогаш не сум се плашела за себе, храбра и борбена личност сум и можам да издржам многу (само за себе). Ама стравот дека нешто може да им наштети на личностите коишто ми претставуваат се', некогаш ме убива.
Во моментов најголем страв ми е да не подлегнам на тоа што ми се врти низ глава и да ги разочарам сите
-Најголемиот страв во животот ми е дека нема станам мајка. Односно да немам деца. Секакви загуби претрпев, и за ништо не се плашам повеќе од помислата дека ќе се разбудам еден ден на 40 и ќе сфатам дека немам деца.
Нaјгoлемиoт стрaв ми е скoрo ист кaкo @kjukli . Дa не oстaнaм сaм зaсекoгaш, дa не се oженaм и дa немaм децa еден ден. Мнoгу ми е мaкa кoгa сaмo ќе пoмислaм декa еден ден немa кoј дa ме жaли кoгa ќе умрaм...
И мене исто најголем страв ми е дека нема да се остварам како мајка . Имам страв и од загуба на моите блиски или пак да не им се случи нешто. А и да не заборавам, страв од пајаци брр .
Најголем страв имам од болести ама не за мене, туку за најблиските. Знам дека такво нешто не би можела да поднесам.
Да ги изгубам најблиските,а посебно него,најголема потпора и некој на кого можам се да му кажам,како и он на мене.. Помислата на тоа ме уништува
Многу си бев блиска со дедо ми иако живеше на село ја со него не се плашев од ништо но жал почина пред неколку години.Во последниве години ме повредиа многу луѓе.Мојот страв е луѓето во мојот живот немам пријатели имам дечко 3 години и од него се плашам и он знае но никогаш не ме повредува.Јас сум осамен волк во шума.НИКОГАШ ВО ЖИВОТОВ НЕ НАУЧИВ ДА СЕ БРАНАМ КОГА МЕ ПОВРЕДУВААТ!Мојот дедо беше многу добар човек никогаш не знаеш да повреди некого и да беше циган бездомник он имаше место и за него