Се плашам да бидам мајка .. Ми е страв да не бидам лоша мајка на моето дете, бидејќи не се чувствувам психички спремна за да му обрнам внимание. Ме вади од такт плачењето, целото внимание и грижа... А сакам деца.. но несум спремна да им го дадам целото внимание.. Психата мислам ќе ме убие..
Страв од стареење,страв дека нема да успеам да си оформам семејство,страв дека нема да бидам среќна,страв дека ќе бидам непочитувана и очајна...
откако во животот се соочив со сите стравови(болести,смрт,загуби,лаги,предавства,напуштања)...повеќе од ништо не се плашам
откако ја прочитав Тајната, согледав дека сум доживеала се' што некогаш ме плашело, и колку и да звучи апсурдно, станав свесна дека моите стравовите ги привлекле тие случувања, па затоа, зборот 'страв' го избришав од програмот на мојот ментален склоп.
И јас исто не е 100%избришано но на добар пат сум да го направам тоа. Инаку најголем страв ми беше да не останам сама од осаменост.