Најголем страв ми е да останам сама во животот во смисла сите мои најблиски да доживеам да ги снема,а јас да останам, исто така и за здравјето на моите најмили.
Здраво женски помагајте имам голем срав од глувци дури рипам во соно целата се тресам А пошто сум од село и имаме во нивата многу глувци
Од се нешто имам стеав ама највише од 100ногалки/шкрапли Ми се креват влакната од косата коа ке помислам на нив
Се плашам од многу работи,загуба на блиски, змии, височина,длабоки води... Ама колку многу ми е страв да се возам во лифт сама тоа е чудо. И како минува времето така се повеќе и повеќе ми се зголемува тој страв. Не ми е страв бидејќи е тесен и затворен простор туку да не се откачи. Се обидов да се соочам со овој страв и со тешко срце се качив сама, додека се возев срцето ми лупаше 100ка, кога стасав истрчав од лифтот и бев како воз да ме прегазил. Се разбира, за надоле си се симињав по скали. Не знам како да го пребродам овој страв, а се немам заглавено во лифт па да имам некои си трауми од претходно. Еве и додека го пишувам постов се вознемирувам кога ќе се сетам.
Пајаци....by far. Фобија имам. Толку многу што страв ми е со тепалка да ги тепам, па ги усисавам и на работа. Правосмукалката има подолга рачка за да не се доближувам многу. Освен тоа не може лесно да кидне, па после бетер стресови. Ми се восхитуваат на вредноста за чистење, ама јас од пуста мака.
Страв од земјотрес и длабока вода. Се соживеав со овие земјотресите, многу тешко и стресно се опоравувам од тоа.
Леле и јас премногу се плашам од лифтови. И тоа од скоро време ми е стравов, порано без проблем се возев. Имам гледано премногу видеа со трагични сцени со лифтови и се плашам мене да не ми се деси такво нешто. Инаку најголем страв ми е загуба на блиски. Страв ми е и од луѓе, никогаш не можеш да процениш на што се' е спремен некој човек, и тоа многу ме вознемирува. Страв ми е од темница кога сум надвор и нема никој околу мене. Исто така еден поголемите стравови ми е земање крв од вена , мислам дека 10 години од животот ми се кратат во тие моменти.
Од дебелина дефинитивно! И покрај тоа што имам 45кг од секогаш сум се плашела од дебелина, не ми пречат дебели личности, ама лично за себе многу тешко би го поднела тоа.
Смрт на блиски луѓе на прво место. Осаменост, второ. И последно, но не помалку важно и страшно за мене, лошо здравје на децата кои еден ден здравје боже, би ги имала.
Да не се смешам и претопам со обичен народ , тие заспани, поробени зомбиња. Но, тоа никогаш нема да се случи Ама не сакам ни да се разминам со нив на улица, мака ми е.
Имав страв од тоа вечно да сум сама, во смисла да немам партнер, маж...сега веќе ми се случува тоа и немам страв, почнав да се помирувам