Несреќа, силување, убиство, се плашам исто од тоа што ми носи животот и се што ќе дочекам додека сум жива. А највеќе од смртта. Претходната година изгубив две многу блиски личности од фамилијата и многу ми беше тешко и лошо.
Имам страв да не останам без оние што најмногу ги сакам. Ништо друго не ме плаши. Дури ни сопствената смрт.
Кога само ќе се сетам колку стравови имав, фала ти Исусе Христе што го замени стравот со Боженствен мир.
Кога ќе се соочиш многу полесно поминува. Не можев една комшика да ја натерам да се соочи со куче(лабрадорче). Ми вика ако го пуштиш ќе се качам на клупа. Најлошо е стравот во себе да го чуваш. А сите лабрадорчиња се мили и не успеав да ја разберам како се плаши од таа раса.
Од затворени мали простории во кои треба да сум подолго време. Ептен сум клаустрофобична, а не бев порано. Автобуси, авиони ми се смрт
Авионот е нај сигурно превозно средство. Можностите за човек да загине во авионска несреќа се минимални, како да не постојат. По ризично е со автомобил да патуваш, нема потреба од толкав страв.
Не значи дека ќе падне авионот ако има невреме. Секако ги следат прогнозите, ако има ризик ќе го откажат летот. И со автомобил не е така едноставно при неповолни временски услови. Според мене нема потреба од страв и тоа е мое мислење а секој сам ќе си избере начин на кој ќе патува.
Ќе го откажат летот ако не тргнал авионот и тогаш фати невреме. Ама со времето не можеш да бидеш на сигурно. Јас мислев додека лета авионот да се случи невреме. Кај ќе застане тогаш? А кола може да се паркира некаде ако е ептен страшно. Авионот не може да слета било каде ако нема аеродром.
Затоа велам дека следат прогноза на временските услови. Не паѓа авион туку-така макар и при невреме. Секако, нејзин избор си е само мислам дека не е реален толкав страв.