Истото и мене ми е најголем страв. Имам страв и од моја смрт, да не можам да го гледам син ми како расте. Се ежам од самата помисла....
Здраво, на 31.12 треба да летам со авион. Не ми е прв пат, не се плашев, но после стотици муабети леле како па и ако имало турбуленции јас сум исплашена сега … ако некоја членка може да ми напише нешто ако имала лет со авион на лошо време или со турбуленции, знам дека турбуленциите не зависат скроз од времето. Извинете ако ова не е за овде, но ми излезе на -Барај- овде нешто поврзано со авион и затоа.. Слободно може и во порака да ми пишете. thank you
Најголем страв имам од разболување од некаква болест која те кине психо-физички. Понатаму, страв имам од самотија на стари години. и трето, од змии
Чудно е што се плашам од змии кога ми доаѓаат на сон, а на јаве никогаш не сум ги видела. Се плашам од смрт дека не ќе можам да мрдам, да зборувам и целосно ќе ме снема