Многу ми е страв да ги изгубам личностите што вистински ги сакам.Самата помисла дека еден ден нема да постојат ствара чудни бранови во мене.Не сакам да се случи тоа,не сакам..
Од тоа да снемам воздух!!!! Да ме притисне некој да градите и да снемам воздух ме фака ненормална паника!! Да сум во просторија и да снемам воздух како на филмовите-лелеееееееееее
После страшен филм , кога легнувам да спијам .. се плашам да не ми дојде некој од филмот ..или како сенка на ѕидот . Едвај заспивам , се кријам под ќебе ..
Најголем страв ми е темницата,дефинитивно.Уствари тоа што е во неа .Многу се плашам исто така да не загубам некој што го сакам....
Имам страв од сите летечки и ползечки суштества таканаречени инсекти и од змии многу.. додуша имам и други стравови така поголеми али овие се најмногу!
Најголем страв како и многу останати - од смрт, а исто така и од мачки уфф не сакам да ми се приближат
Јас се плашаам од многу нешта, од пајаци, змии, гуштери и секакви други инсекти, па и од пеперутки. Многу ми е страв од темнина и од смрт на било кој човек (освен мене!) Никогаш нема да дознаеме дали смртта е најубавото нешто што може да ни се случи!
Најголем страв имам дека ќе ги изгубам најблиските,страв ми е многу и од змии,од длабока вода зошто не знам што има во длабочините,од манијаци кои се се почести и.... глупаво е ама страв ми е од лудница