Што според вас е значајно во животот? Според мене е здравјето и среќата, ако немаш здравје немаш ни среќа, а среќата ја сочинува здравјето и луѓето што ти значат, а се останато е споредно.
Да бидеш и останеш човек до крај. Да бидеш човек со здрав разум, да знаеш од срце да помогнеш, да не повредиш некој, да не мислиш за себе, туку за доброто на другите... едноставно да ја спознаеш љубовта од срце. И да бидеш болен, тоа со убава мисла да го примиш во себе. И така со своето трпение и истрајност во тие искушенија, да дадеш некому позитивен пример.
Никогаш да не се откажеме од тоа што сме, во тоа што веруваме, од тие што ни значат и по тоа што копнееме (се разбира, доколку е во границите на реалноста). Здравје, среќа, љубов, пари, слава; секој би им дал различен распоред по важност. Но и со сите а и без ниту едно, човек не е оној кој се откажува од сопствентие желби и верувања, од својот карактер, или буквално својот живот. Трпението е услов на целта успех. Упорноста за рака, па може да се постигне.
Според мене најзначајно е здравјето.Не ти е поребна ни среќа,ни пари,ништо друго. Со само тоа што си здрав,веќе имаш причина да си среќен
Треба да имаме од се по нешто. Здравје како прво и најважно, љубов, пари... И секако, да не заборавиме што сакаме и да не престануваме да се бориме за тоа, да си имаме поставено некоја цел која ќе не води напред.
Здравјето, среќата, љубовта, луѓето со кои ги споделуваме и добрите и лошите моменти,и секогаш се тука да не поддржат ..
Најаважно во животот за мене се семејството, тоа е како божиј храм кој го градиме и треба да го сочуваме да не дозволиме да се сруши како кула од карти, здравјето кое треба да го негуваме бидејќи здрав човек може да биде среќен, љубовта која треба да се шири меѓу семејството и околината бидејќи луѓето опкружени со љубов се најзадоволни и исполнети и секако човечноста која треба да ја има секој од нас.
Епа вака.Најзначајно во мојот живот е моето семејство, кое ми е се.Без кое не можам да си го замислам животот.Потоа здравјето,љубовта и среќата.. Ништо без овие работи.Сите сакаат да бидат сакани,да почувствуваат љубов.Заедно со љубовта тука е и среќата но без здравјето ништо ова не би вредело
Според мене е најзначајно здравјето.Ако бидеш здрав се после си доаѓа на место.Исто така значајно е и да бидеш и секогаш да останеш човек.Хуман.Да бидеш сакан и да знаеш да сакаш и почитуваш.Да имаш семејство и љубов.
Да,здравјето и семејството.Без здравје неможеш,а богами јас ни без семејство неможам.Мојата главна поддршка во се.После тоа и пари,и среќа се ќе дојде по себе.
Најзначајно е здравјето секако а после него веднаш парите. Без љубов се живее но со празен стомак тешко дека се живее.