Има многу значајни работи кои треба да ни се наоѓаат низ животецов, па освен здравје, би рекла дека ни требаат блиски, искрени луѓе, без разлика дали станува збор за семејство, пријател, дечко, девојка, со кои би можеле да ја споделиме сета среќа и несреќа. Зашто нели - споделената среќа е двојно поголема, споделената тага е двојно помала - по некое непишано „правило“.
здравје,пари,пријатели,девојка,жена,семејство,деца,добра куќа или стам,добар убав автомобил,мотор,велосипед,среќа,што значи све треба да се има.
Да останиш со чисто име, чист образ со достоинство. Се друго доаѓа и заминува, ова за мене е најбитно.
Значајно во животот ..хмм..според мене најзначајно е здравјето...џабе да имаш се ако немаш здравје...значаен ми е и дечко ми кој многу ми помогна во животов и да не беше тој јас незнам ладе би била...значајна ми е и слогата...овие ТРИ работи дефинитивно ми се најзначајни
Значајни во животот се многу работи - јас, ти, тој, ние, вие, тие - луѓето, семејството, здравјето, среќата, работата, парите, дружењето, насмевките, прегратките, забавите, прошетките... За да биде комплетен животот СЕ Е ЗНАЧАЈНО!!! ....
Три работи ќе издвојам: Значајно е да знаеме да го цениме се она што го имаме, значајно е да имаме чисто срце што, наместо да правиме лошо со кое ќе повредуваме, ќе не тера да помагаме и да шириме насмевки меѓу луѓето и, се разбира, да сакаме и да бидеме сакани.
Пред се значајно во животот е здравјето без него не можеме ништо, па потоа семејството, да бидеш чесен, да останеш со чист образ, да знаеме да го цениме тоа што го имаме.
Се согласувам со скоро сите работи кои ги кажавте претходно (здравје, семејство, среќа трите базата на сѐ во животот) и би додала сѐ што правите во животот да го правите со љубов. Без разлика дали е тоа работа, хоби или студирање, најважно е да го правите она што го сакате иако можеби не заработувате премногу или сеуште не сте таму каде што сакате. Никогаш не се откажувајте од она што длабоко го имате како желба во срцето, работете напорно и тогаш кога нозете ќе ви се уморат, одете со срцето и ќе стигнете до целта. Најважно е секогаш да се ценат сите работи во животот.
Здравјето пред се, да знаеме да ги цениме среќните моменти поминати со семејството и секогаш главна цел во текот на денот да ни биде да направиме некого среќен.
Во животот се битни многу работи за да финкционира целината. Среќата е основата на случувањата. Таа ја има помалку или повеќе во сите сегменти (здравје, семејство, професија, успех, љубов). Да се биде во вистинско време на вистинското место е сплет од позитивни околности.
Да се ослободиш од стегите на туѓите мисли, гнев и злоба. Само слободен човек кој се сака себе има доблест да покаже љубов и сочувство. Се друго е минорно и невредно за внимание. Тесен круг на пријатели и топол дом. Нема поедноставна животна филозофија.
Здравје (сопственото и на најблиските). Мир и слобода (во секоја смисла на зборот) како состојба на умот.
Сопственото здравје,исто и здравјето на најблиските. Мир,спокој,чиста совест,слободно изразување...можност на давање и примање на љубов,среќа....