За да опстои една врска мислам дека треба да има после љубовта,да има и голема доверба.Ако нема доверба тогаш ништо. Иначе како најважно еве што би извдоила: Довербата,искреноста,љубовта,верноста.
доверба,верност, љубомора во одредена доза (а и воопшто не е потребна), искреност, почитување, разбирање.
Најважна е љубовта,затоа што ако не постои љубовта нема потреба од врска.Додека тој те љуби/сака со тоа и ќе те почитува.Ако те почитува ќе ти верува,затоа што почитта се добива само ако си личност со свој став и карактер.Ако ти верува ќе се бори за тебе,ќе те чува.Ако те чува,ќе ти подари се - страст,верност и насмевка на твоето лице.
Порано мислев дека љубовта е најважна. Но сега мислењето секако ми е сменето.Не е таа најважна.Понекогаш љубовта не е доволна за една врска. Мислам дека почитта,разбирањето,поддршката се поважни дури и од љубовта,бидејќи ако ги нема нив и љубовта може да згасне.
Нема нешто што не е важно,...се е потребно: љубов,доверба,разбирање,искреност,компромис,поддршка...се се, да не набројувам
Да ги прифатиш неговите мани и он твоите. Кога тоа нема да пречи се само доаѓа. Нормално за се треба време, бидејки ако одиш со некој една недела, месец секако нема да можеш безрезервно да му веруваш, да се потпреш итн.
искреност/да нема тајни помеѓу партнерите доверба/партнерите да се верни еден на друг емоции/љубов/нежност и милост почит/меѓусебно разбирање на потребите несебичност /спремност на давање и земање/пожртвуваност ако треба
* љубов * меѓусебно разбирање * безусловна почит * доверба * секс ( не прочитав досега, амамислам дека и тоа како е битен во врската)
Доста работи се важни за да една врска биде цврста и да опстојува. Сепак од сите како најважна би ја избрала довербата. Ако партнерите успеале да изградат доверба еден кај друг, мислам дека се друго се постигнува. Ако немаш доверба кај партнерот кога - тогаш и љубовта и сексот и почитта ќе се разнишаат.
Има многу работи кои се важни за врската. Но, мислам дека компромисот и довербата имаат најголемо влијание.
Се е важно.. Почнувајќи од довербата, љубовта, преку почитта и разбирањето, па до сексот и искреноста. Сите овие работи се ко во низа поврзани, и ако ослабне барем една алка од синџирот, тогаш бадијала се другите. Едно без друго не може, се си треба во една врска.
Најважна е довербата и искреноста, а за сето тоа да постои потребно е да има и љубов !!! А кога ќе видиме подобро под љубов се подразбира и меѓусебно почитување,поддржување,задоволување... Така да СЕ Е ВАЖНО во една врска !!!
Многу работи се потребни за една стабилна и цврста врска. Но ако би морала,после љубовта би гласала за почитта еден кон друг.