Љубовта, ако се има љубов има и се она што подразбира една цврста врска. Кога има љубов постои и душевна болка, а болката не дозволува еден вљубен човек да прави икс работи за кој што еден ден скапо ќе ги плати.
љубов + разбирање + доверба Ова го споленувам постојано. Љубовта е клучна, ако не си заљубен во некој, нема смисла да бидиш со него, а уште помалце ако не го разбираш и не му веруваш. Мислам дека во врската прво треба да се биде пријател, а потоа нешто повеќе.
Најважно е човекот да знае да те задоволи и интелектуално и сексуално и со поглед и со се. Ако јас сум задоволна од начинот на кој се однесува и од начинот на кој знае да го задржи моето внимание би рекла дека тој е вистинскиот.
Доверба, почит, разбирање, компромис, љубов, искреност, верност, толеранција, да имате исти интереси и исти желби за иднината.. И треба да си бидат најголема поддршка еден на друг..
Љубов, доверба, разбирање,почит,лојалност,искреност. Тие се клучните фактори врз кои се темели една врска и не одат едни без други. Џабе љубов ако нема разбирање и доверба или обратно.
Важно е да не влегуваш во врска со багаж од претходните врски, да имаш сила и разбирање за минатото и да го затвориш тоа поглавје. Многу е битно да се влезе во една врска со вистински интерес да го запознаеш партнерот и да се фокусираш на продлабочување на врската а не на што би било кога би било и на планови во иднина.
Искреност, доверба, почит, разбирање,компромис. Да имаш разбирање за минатото и дека тоа останало во минатото, минатото да не го мешаш со сегашноста. Да не глумеш лудило со љубомора претерана. Да се подржувате во целите. Љубовта е нешто минливо џабе љубов ако ги нема овие работи.