Според мене најважни фактори за почеток на една успешна врска се љубовта, страста и верноста. Но како поминува времето сфаќаме дека љубовта, страста и верноста не се сами за себе доволни за да врската опстане. Тогаш стануваат битни компромисот, зрелоста на партнерите, компатибилноста (пр. сличните сфаќања и очекувања од животот), довербата, финанскиската состојба и ред други фактори.
доверба,љубовта,почит еден спрема друг,разбирање меѓусебно,и не само врска во вистинска смисла на зборот повеќе и како врска со некој кој ти е потребен до тебе како дечко,потпора,заштита,другар,брат...таков е мојот дечко за мене
Прво љубов,па страст,исто битно е да се има доверба,искреност,почитување,другарство,заеднички разбирање,добра комуникација..
Најважно е да има љубов која треба да се покаже а не да се чува во куфер бидејки ако се сакате нема да се повредувате, изневерувате ке има доверба нема љубомора и една многу битна работа е да не се обидувате да го промените партнерот да го прифатите таков како што е што подразбира да влијаете на неговите негативни постапки но се разбира тоа никогаш да небиде во присуство на друштво.
А како би се родила љубов без претходно разбирање, почитување, комуникација итн ? Само мое размислување...
Нема важна и неважна работа. Се е подеднакво важно, и подеднакво неважно за некои поединци. Треба само да научат да живеат со партнерот. Пример на некој му е важно девојката да е христијанка на пример, на друг може и од Шинди религија да биде, па да нема гајле. Но, сепак мислам дека врска неможе да опстане без комуникација. Таа ако е добра, многу врати се отвораат.
Пред се доверба. Довербата претставува темел за една врска, потоа љубов, верност, разбирање, искреност почит итн
Слоновски нерви за да се поднесат сите нервози! Сепак...мислам дека најважно е взаемното вложување во таа врска, вложување и труд од страна на двајцата партнери! Ако имаат силна волја да ја одржуваат врската тогаш ќе има и дворба (која се повеќе ќе расте на повисоко ниво), ќе има и љубов, ќе има и страст а со страста ќе има и секс (битен фактор за опстанок на врската) Важно е и постоењето на љубомора, тоа чувство на сомнеж може многу да ни повлијае врз нашата психа, ќе не потсети дека човекот до нас ни значи и таа љубомора ни го поткрева егото (ако е во умерени количини) Важно во една врска се и кавгите, внесуваат динамичност во врската и ја разбиваат монотонијата (која владее во врски каде се одбегнуваат кавгите,поконретно се затајуваат проблемите) Има уште многу битни работи кои ја чинат врската хармонична и цврста! За една врска важни се и обичните прераскажувања на денот ,онака спонтано,несвесно искажување кој како си го поминал денот многу придонесува за запознавање на двајцата партнери меѓусебно, помага во подобрување на комуникацијата, предизвикува зближување! Еден обичен разговор може да реши многу дилеми во една врска, може да открие многу за партнерите и нивното секојдневие! Во мојата врска настојувам да внесам многу труд, љубомора, кавгички и ,,незначајни разговори,, кои досега позитивно повлијаеле врз мене и дечко ми! засега сме добри...за понатака се надеваме на се најдобро!
покрај љубовта треба да има искреност...Ако нешто не иде, сакам да знам. ако нешто не е ок, сакам да знам....врските не се случуваат туку ние ги градиме. Комуникација !!!! мора да разговараме....без разлика што и да е....проблеми, обичен разговор итн...што ќе се случи ако се трае нон стоп? ништо, од таа врска, врска не бива Разбирање, трпение и толеранција!!!! значи мора да го сфатиме партнерот/партнерката за некои работи и да ѓи гледаме работите од нивна гледна точка а не само наша....И како за крај Компромис!!!!! Неможе секогаш да е по наше....Некои работи ќе добиеме, а некои ќе изгубиме...Во тоа се состои врската !!! Компромис мора да има....без разлика за што и да е....па макар и да има разлика во мислењето што да купите за јадење )
...Сето ова се елементи кои треба да ги има една врска..Ама не би рекла се најважните..За да функционира една љубовна врска треба да се работи за два ОФОРМЕНИ карактери кои знаат кога да се детинести а кога разумни..( Со исклучувачка клаузула за периодот во ПМС.... и слични )... САМОДОВЕРБА, СТРАСТ, КАРАКТЕРНА комплементарност... барем според мене... И нормално... љубов...за да ги спои сите останати состојки во тенџерче! Чириба-чирибу...како и да е
Доверба и добра волја за развој на врска. Ако немаш волја, на сите ќе им станеш досаден не па на потенцијалната “љубов„ Ова од искуство горко