ЉУБОВ, доверба , разбирање , разбивање на монотоност и складност меѓу партнерите (во однос на погледот кон животот, на интелегенцијата, на образование и ред други работи кои подоцна можат да доведат до сериозни препреки во развојот на врската)
ДОВЕРБА И ЉУБОВ пред се останатото може да се усклади доколку постојат овие две работи и доколку карктерите на партнерите одговараат и нормално се зрели и спремни за врска. Довербата е она на што треба да се темели една врска зашто без неа пиши пропала. Љубовта е исто најбитна како и привлечноста и потребата од присуството на таа особа во твојот живот.
Некогаш знам да извадам цел список, може веќе и имам кажано што мислам, но без разлика, сега сакам само да кажам дека има една многу важна работа во врската - ХЕМИЈА!
Па пред се љубов, подршка, искреност и верност.. но сепак да не ја заборавиме страста која ги оддржува долгогодишните врски
Pocit, doverba, razbiranje, vnimanie, podrska, vernost koi ke se pokazuvat so dela, toa e za mene i ljubov, ako gi nemas niv pocnuvat karanici. Dobar seks, nenasitna strast koi ja zadrzuvat interesnoto vo vrskata. finansiska stabilnost zosto koga siromastijata ke zacuka na vrata, ljubovta bega niz prozorecot. [mod-kirilica:2clsxsvv][/mod-kirilica:2clsxsvv]
Доверба на прво место,таа ја носи искреноста и комуникацијата со себе,а ја уништува љубомората.Одличен секс,како спој на телата и душите,кој па ја уништува потребата за изневерување,ја јакне блискоста.И љубовта како апсорбирачка сила,која се провлекува низ се‘ и зависи од се‘ погоренаведено.
-љубов -да се поднесуваме -разбирање -да има златна средина да не е се како што ке каже едниот.. -доверба -да имаат исто мислење и исти планови за во иднина -почитување од двете страни -среќата е неминовна -прекрасни и романтични мигови поминати заедно -верност -да нема љубомора -толеранција, внимание и посветеност.... ..............и мн др !
Најпрвин во врската сакам да има љубов, без љубов залудно е се... Потоа потребна е слога и разбирање (ако ги има ќе може врската да функционира без препреки), почит(мора да има за никој да не се осети понижен), доверба и искреност(без нив врската нема да опстои).