Љубов, почит, разбирање, доверба, искреност, се основни, ама најважно од се сметам дека е да се има комуникација во врската, да се кажува што ти смета, што те прави среќен, што те задоволува, што те нервира, да се споделува се, од најмали работи па до најголеми. Мислам дека тоа е клучот за успешна врска.
сличноста на карактерите, меѓусебната доверба, споделувањето на мислите, чувствата, убавите и неубавите нешта во животот и секојдневието, комуникацијата за се и сешто, сексот и хемијата, чувство на заедништво... како заклучок: желбата да бидеме постојано во присуство на дечкото т.е. девојката е најдобриот доказ дека некого сакаме. значи, најважно е да сакаме да бидеме заедно со саканата личност.
Доверба ! Доколку има доверба има разбирање,доколку има разбирање има согласност,додека има согласност емоциите се претвараат во љубов не секогаш но во принцип така е !
Сексот. Доверба. Љубов. Мразам некој да ми наредува, да ми досаѓа 24 саати на ден, да не смеам да се видам со другарките, да се лути зашто не сум му кажала дека ќе одам да мочам, или па не дај Боже да ми забрани нешто .... ае. Никогаш нема да ги сфатам таквите врски а не се ни обидувам. Сакам да го сакам и сакам да ме сака. Сакам да живеам и сакам да живее. Сакам да сум среќна и сакам да е среќен. Сакам да не му заврши животот зашто фатил девојка. Со кој и да сум сакам вака да функционирам. Не сакам да се карам ... сакам разговори ... Иако имав некои бубачки како помала Сега пораснав Врската во нашиот живот е уште една слатка обврска покрај другите. Не сакам кога претставува затвор, мачење и тормозење. И не сфаќам како некој ужива во таква врска. Со извинение ако некој се пронајде.
од досегашното искуство можам да кажам дека довербата е најважна за една врска.без доверба кога-тогаш врската е осудеена на пропаст.
1. Љубов. Ха! Па ако нема љубов нема да има ни врска. Што значи тоа не го сметам за најважно во една врска, туку од тоа треба да е составена врската, за да е врска мора двајца да се сакаат. така да не е најважен туку основен фактор. Кој што сака нека каже сметам дека најбитен фактор е сексот. Ако тоа е супер се друго може да се реши. Првото место исто така го дели и сличнното размислување, интереси, цели и амбиции. Без истите или барем слични интереси една врска не би можела да опстои. Не ќе се надополнуваме цел живот. Довербата... но во смисла да му верувам и да ми верува дека може се да ми каже и за се да разговара со мене, доверба дека за било што може да се потпрам на него и тој на мене. Тоа за искреноста, верноста итн.. итн... не ги сметам за најважни затоа што реално не ни постојат, не очекувам некој да е 100% искрен со мене, и да ми е 100%верен.
Љубов пред се, на што ќе се темели врската ако не на љубов? Ама нормално... Љубов пропратена со доверба и верност...
Се е точно од горе наведеното, ама сите забораваме еден мал дел што секогаш го ставаме во спореден план, а и те како е битен ...сексот, или подобро речено водењето љубов...Тоа ти е, едно без друго не си може хахаха мимс изгледа била побрза од мене
За да има врска мора да постои љубов, така да според мене најбитна е искреноста, довербата и подршката. Сакам луѓето да имаат искрен однос со мене, односно сакам партнерот да е искрен и да немора пред мене да се фолира или глуми друга личност. Едноставно да биде таков каков што е. Доверба- камен темелник на секоја врска, да може и двајцата да си дишеме на раат додека сме со пријатели, не ми треба внимание аки под внимание се подразбираат повици на половина час тоа веќе наликува на гушење. Подршка- сакам да знам дека секогаш кога нема да успеам нешто да е крај мене и да ме утеши и подржи охрабри за следниот чекор. Несакам традиционален партнер за кого жената е само домаќинка, туку баш напротив сакам подршка ако решам да отворам фирма, ако решам дека на 12.12.2012 се лансирам на месечината, да се тетовирам, да скокам банџи и сл.