Најважна е довербата, и тоа чувство дека можете да се разберете со поглед, дека си припаѓате еден на друг безусловно.
Довербата и верноста. Ако нема доверба тогаш многу брзо доаѓа до крај на врската, тоа е јасно и мислам дека немора да се објаснува зошто. А ако има доверба а сепак нема верност....?! Пак нема што да се каже, тогаш е подобро да се прекине врската одколку едниот да живее во вешна заблуда а другиот со грижа совест.
Во една врска е битно тотално се. Започнувајќи од љубов, преку доверба, љубомора, почит, разбирање, слобода, способност за приспособување, караници и така натака. Кога фали или кога не е како што треба само едно нешто во врската, за да не се доведе до пропаст треба многу труд. уствари во секоја врска треба вложување затоа што совршенство не постои. Довербата е битна затоа што не треба да си играме цси и на секои две минути да се слушаме и да знаеме каде сме и што сме, треба да имаме доволно слобода да можеме да имаме слободна вечер со другарките, или сами дома без некој на секои 5 минути да ни ѕвони затоа што не ни верува или мисли дека го изневеруваме. Треба да се верува, но не безрезервно, човекот е такво суштество што ни сам на себе не може во целост да си верува. Е кога довербата се губи, што искрено зборено е навистина лесно, тогаш работите се менуваат, довербата може пак да се врати но треба многу труд. Сепак, нели невин е секој додека не се докаже спротивното. Љубов ... јасно е, и да имаме се друго а ако немаме љубов, тоа е другарство, таа врска е склона на монотонија, и според мене е осудена на пропаст. Љубовта е главно жарче во огнот, т.е во секоја врска. Љубомората, важна е, секогаш кога има мала доза на љубомора убаво ми е... знам дека знае дека вредам, и знам дека длабоко во него сепак постои малку страв да не ме земе некој друг ... не би требало да е љубоморен на секој чекор, или да има избувлив карактер, затоа што тоа веќе е опседнатост, а се во границите на нормалата е само мал доказ за љубов. Почитта, па сигурно дека ако постојано ме пцуе, навредува, удри или било што, таа врска нема да тера уште долго. Почитта е битна, од секој кој ни значи сакаме да сме почитувани, а ако не не почитува нашиот партнер .... каде би одела таа врска??? Разбирање и слобода. во врската не треба да се изгуби своето јас и покрај тоа што со некој сме станале ние. Сигурно дека нема да го натерам да ги откачи другарите, или тој да ме натера мене да го заборавам мојот живот и друштво. Си имаме заеднички пријатели, а си имаме и посебни пријатели со кои си се гледаме ... така и би требало да биде. Тој знае дека и да се гушнам со другар, додека е другар е другар и ништо повеќе ... тоа е таа слобода што ја сакам, и што фала Богу ја имам. Плус разбирањето, за било што ... некогаш сме тешки, ама вака или онака со партнерот мора да има разбирање. Кога би го немало би имале постојано кавги. Способност за приспособување и компромис. Епа во врската ќе наидеме на пречки, одмори, излегувања, нови години, мај, април, и други празници ... ваму или таму или онаму ... ако не сме способни да се приспособиме на потребите од двајцата и да постигнеме компромис, тогаш пак ... врската е осудена на пропаст. И за крај моето омилено кавгите. Јас не можам ако не се зарчкам, колку и да го сакам, колку и да му верувам, морам. И кавгите се битен дел од секоја врска ... и кога се кара човек до раскинување, пак е добро за врската, затоа што поготово во долгите врски следува оној убав период на совршенство, на сфаќање колку се сакате, и на гордоста зашто уште една пречка сте поминале заедно, а и сексот после карањето е поубав. А кој тврди дека не се кара никогаш и дека се тече беспрекорно кај него, јас не верувам. Таа личност или лаже, или во нивната врска нема љубов ... Мое мислење.
Доверба пред се! Доколку ти имаш доверба во партнерот,афтоматски во него ке гледаш пријател и другар,ке стекнеш сигурност и ке се чуствуваш заштитен.Љубомора разбирам,но во мн мал процент,дури и неприметен,бидејки не ја оправдувам и ја сметам за непотребна доколку постои довербата.Тоа е темелот пред се,а чим доверба постои,правопропорционално расте и љубов,и хармонија,и спокој,и убавина...Уживањето и милината на душичката е на највисоко ниво
Доверба, доверба, доверба, секогаш ја ставам на прво место, а потоа се си доаѓа само по себе. Без доверба тешко да опстои една врска. Ако сте стално заедно, немате приватен живот, малку слобода за себе и партнерот врската станува монотона и досадна. Ако има љубоморни испади без врска , се разбира еден ден ќе ви дојде преку глава. Љубомора- но се во граници на нормала . И потоа се така си се реди- разбирање, почит еден кон друг, љубов се разбира, верност...
1. Трпение. 2. Муабет (народски кажано!) 3. Доверба. 4. Почит. 5. Љубов! 6. Верност! 7. Страст 8. И мала доза љубомора!
Меѓусебна доверба, како една од најважните работи, потоа следена од љубовта, верноста, разбирањето, слободата, почитта ...
Најважно е да се има љубов а потоа и доверба и мегусебна почит. Ако нема љубов ке има премногу доверба бидејки нема да те интерисира за партнерот што прави бидејки не го сакаш доволно за да те заболи уво.