Да ја вреднувате врската повеќе од сопствените интереси. Да се трудите да успее и да се прилагодувате еден на друг. Пред да добиете желба да направите сцена, да размислите два пати. Да ви е поважно да ви е убаво на двајцата од желбата за самодокажување, расправање кој е во право, покажување карактер. Да бидете подготвени да го оставите инаетот и гордоста на друга страна за доброто на двајцата. Да си верувате еден на друг, да си давате искрени совети. Да си покажувате колку си значите и двајцата да вложувате во врската. Да не се откажувате лесно, при појава на несогласувања, туку во тие моменти да се сетите што ве држи заедно.
Да бидете тоа што сте, и двајцата. Само така ќе се сакате вистински, тој ќе ве сака вас а вие него, вистински и баш каков што е. ДОВЕРБА! Колку и да се сакате, ако нема доверба и ако постојано, небитно вие или он се јавувате на другиот, контролирате и е верувате на тоа што другиот го кажува, црно и се пишува на врската. Разбирање, мислам ова е доволно јасно... Љубов секако, без тоа како може врската да биде врска?
Според мене на прво место-љубов.Ако има искрена и длабока љубов,тогаш важно е да се има доверба,за да не се разниша љубовта,затоа што ако довербата изостанува,тогаш се појавува љубомора.После доверба треба да се има разбирање а секако и обострана поддршка и почит. Тие ми се главните предуслови за среќна и нормална врска,но сепак има и низа ситници и други работи кои многу придонесуваат за одржување на една врска.
ИСКРЕНОСТ секогаш на прво место !!!!!!!! кажи си што ти смета,докажи се искрена каква си зошто треба да се сакате баш онакви какви што сте,а не да затајувате и да буткате ствари под тепих зошто во врска не си за да се напињаш и нервираш за ствари,во врска си за да ти е убаво и да уживаш !!! позз
Се согласувам со тебе, искреноста секогаш ми е на прво место затоа што тоа е најбитното за врската да опстои, потоа праведноста, разбирањето, а и љубов секако, затоа што без љубов мислам дека претходниве не би можеле да постојат
Не знам дали сум единствена, и да сум сеедно, мислам дека најважни се проблемите т.е. начинот на кој ги решавате заедно. Нормално мора да има и некоја привлечност, или љубов, но да бидеме реални без проблеми не постои врска. Ако знаете добро да се снајдете во проблемите, ќе може да уживате во се друго
Да се негува блискоста, за една врска да успее добро би било да се спознаеш добро со партнерот, да разменуваш мислења, ставови, напати да се шегуваш, едноставно прав партнер би бил оној кој ќе успее да го дешифрира начинот на кој размислуваш, да види нешто повеќе од убаво лице, насмевка, облека, средена коса......! Малце контрадикторно е тоа што некогаш доза на мистериозност е клуч за добра врска....ама јас сметам тоа на почеток би било добро, додека се освојува другата страна! После доаѓаат довербата, почитувањето и љубовта! Избрзаноста е најчест уништувач на врските! Добро би било некои проблеми да научиме да ги решаваме со ладна глава!
Љубов пред се, сепак нели таа врска започнала од некаква љубов. Потоа е довербата на второ место без која не може да опстане ниту една врска, дури и љубовта да е преголема ако нема доверба еден ден ќе згасне. Искреноста е поврзана со довербата, односно ако не си искрен како ќе ти верува партнерот? Разбирањето, поддршката и почитта се на 3 место, секој сака да ги добие, но мора и да ги пружа.
Пред се да има љубов во таа врска,а после тоа нормално дека следи и почитување,доверба итн.Ако сакаш некого,ќе го почитуваш,разбираш.Ако не тогаш џабе е се.
Довербата, разбирањето, толеранцијата, љубовта, желбата за да се биде со тој некој повеќе од се останато на светов, компромисот, страста!
Љубовта не е само едно те сакам, но секако и без тоа неможе да опстои, довербата,разбирањето, почитта, страста.
Ако има почит ќе има разбирање, доверба, толеранција. Почитта е таа особина која не врзува најсилно со оној кој веќе го љубиме. После почитта е страста.
пред се љубов, ако некој бар нималку не ти значи неможеш ни да бидеш до него камоли да градиш однос.. но само љубов не е доволна, потребна е доверба (заслужена секако ако по однесувањето се покаже дека можеш да му веруваш тогаш немаш потреба од љубомора, која баш спротивно ја убива врската). исто така компромис и разбирање, многу се цени кога партнерите си се подршка еден на друг а не терет тие мислам дека се клучните работи