Да сме среќни без разлика на СЕ !! Ти имај купишта пари ама ако не си среќен џабе ти е се! А инаку тоа среќа за секого различно значење има.Некој е среќен кога е со блиските пријателите,друг кога ја има работата од соништата,а за некој среќата е во доброто здравје.Затоа направи го она што го сакаш и вложи се за да бидеш среќен и да имаш убав и исполнет живот.
да сме живи и здрави, да се радуваме на ситните и малите нешта, да знаеме да сакаме и да бидеме сакани тоа е најважното нешто во животот , најголемата срека
Здравјето пред се, другото само по себе ќе си дојде. А потоа следува и љубовта кон семејството, партнерот, пријателите, среќата...
Најважно е здравјето,оптимист сум речиси секогаш,љубовта игра важна улога,среќа да ме прати - иако не сум баш добро врзана со неа,ама нема везе,секогаш ЗДРАВЈЕТО е пред се бар за мене,без здравје мислам дека нема ништо
Најважно во животот е да не се откажуваш никогаш , да бидеш оптимист и да не постои работа за која ќе кажеш не можам да ја направам
Здравјето, семејството и паметот (да бидеш задоволен од тоа што го имаш и да знаеш да уживаш во него).
Најважно според мене е здравјето,оптимизмот и вербата во себе,секогаш да се чувствуваш добро во сопствената кожа
За мене најважно ми е да имаш стабилно семејство кое ќе те поддржи кога ти е најтешко, здравје и еден човек којшто многу го сакам и ми е многу многу далеку од тука. Срцка те сакам најмногу
Здравјето, како сопственото , така и на најблиските. Љубовта и поддршката од семејството , хармонија во истото . Животен партнер кој ќе те почитува и цени. Со овие нешта покрај себе, и светот можеш да го освоиш
Среќа, љубов и здравје; почит прво кон себе, а потоа кон сите останати живи суштества, позитивно дејствување и да помогање на колку можеме повеќе луѓе, затоа што сите сме исти: крв и месо, не треба да потклекнуваме пред социјалните разлики... и секако стремеж кон духовно издигнување
Како и сите останати и јас ќе кажам дека најважно е здравјето. Ако си здрав, можеш да влијаеш на среќата, парите или љубовта, ама ако немаш здравје и најголемата сума на пари - ти е џабе.