Домот, семејството, љубовта, здравјето, хармонијата.... се останато е споредно без кое можеме. Добро, и пари колку за просечен живот, повеќе искрено не ни сакам.
Среќа! Единствено нешто кое ги носи парите, љубовта, семејството, саканите, здравјето, домот, хармонијата, животот и тн.
Дефинитивно најважно ми е здравјето, моето и на најблиските оние кои најмногу ги сакам. За среќата, љубовта, парите ќе се потрудам, ама за здравје онака како што е речено.
Најважно? Здравјето и фамилијата-родители, брат/сестра, партнер/маж и деца. Порано пријателите ми беа пред се, но во животот искусив многу разочарувања од најблиските пријатели, така да дефинитивно тие повеќе не се во горниот дел од листата на најважни работи во мојот живот! Ако не служи здравјето, ако се добри односите со фамилијата, ако има љубов, разбирање, доверба со партнерот - СЕ може да се постигне во животот!
Најважно е да бидеме среќни и исполнети, да се пронајдеме себе си. Да го слушаме срцето и да правиме работи кои што не' прават среќни. А секако, најважни се здравјето, луѓето кои ни го разубавуваат животот, блиските..
Најважно е да правиш тоа што ти се допаѓа на тебе, да не бидеш контролирана од другите. Да не се замараш ни најмалку. Да имаш семејство и да си ја пронајдеш љубовта на твојот живот. Да се грижиш за твоето здравје, и да не се нервираш за глупости.
Што е најважно во животот? Четири главни работи во животот се: - пријателство - земете го и никогаш не оставајте го; - љубов - споделувајте ја и никогаш не ја чувајте само за вас; - почитување - стекнете го и никогаш не го барајте од другите - доверба - створете ја и никогаш немојте да ја кршите.
Здравјето, семејството, почитувањето, тоа што те прави среќна и што те исполнува, и најважно од се е љубовта која ја даваш и ја добиваш..најважно е да сакаш и да бидеш сакан од некого..е тоа мене единствено ме исполнува..љубовта и вниманието..некој кој вистински ќе те сака и никогаш нема да те напушти.