Пред се најважно е да си човек, да имаш разбирање за луѓето, да бидеш покрај нив и кога им е најтешко и кога се најсреќни. Да ги цениш и да им се радуваш на малите работи во животот! Здравјето е приоритет, сопственото и здравјето на најблиските луѓе т.е. семејството! Важно е да сакаш и да имаш некого кој ќе ти ја возврати љубовта, барем мене тоа ме исполнува. Исто така важно е да се цениш и почитуваш себеси, да не се потценуваш и да веруваш во себе (ова малку и како лична мотивација си го пишувам).
Здравјето. Се разбира. Не дека другите работи, како пари, љубов, не се важни за да бидеме потполно исполнети, туку се стекнуваат со тек на време. Има периоди кога ги имаш, па ги немаш. А еднаш изгубено здравје тешко се враќа. И семејството и семејната љубов. Тешко на тој кој никогаш не ја почувствувал. Бидејќи е нај искрена.
Se e povrzano so parite..ima sekakvi varikanti no parata otvara zelezni vrati .se sograsuvam deka zdravjeto e najvazno megutoa ako nemas pari i zdravjeto bega od tebe
Прво морам да почнам со здравјето, зошто ако го немаш него немаш ништо. Важна ми е душата, негувањето на душевниот развој, психата (најпрво мојата а после на другите) ,пронаоѓањето на сопствената среќа, универзалната љубов, кон семејство, пријатели, човекот спроти мене, себе си, природата.. Се околу нас. Секоја љубов е различна, но сепак иста. Лошо е ако сакаш само едно или две нешта, треба да почитуваме се и секого. Ете, тука ги ставам и почитта и разбирањето. Важно ми е да имам некоја цел во животот и достигнувањето на неа да ми биде мотивација за истата. Инаку, се чувствувам неисполнето и празно. Требаат и парите, но тие се минлива категорија.. Денес ги имаш, утре ги немаш и ти ствараат нервози. А внатрешните нешта ги имаш засекогаш
Да не должам многу, ке сумирам се во неколку зборови: љубов, лојалност, здравје и поддршка. Животов би бил прекрасен ако ги имаме овие работи..
Најважно во животот е да се постави цел. Ако знаеме кон што се стремиме, ќе можеме и да се реализираме како личност.Мотивацијата и волјата за успех се водечка сила за да се пронајдеме себе си.Љубовта и поддршката се многу битен сегмент за да ја комплетираме целината и да се чувствуваме исполнети.
Здравјето на прво место. Потоа мене лично ми беше важно да успеам да изградам кариера и да основам семејство, и да имам убава живеачка со личноста што ја сакам. Значи балансирам помеѓу семејството и кариерата, по мене се реализирав и останува да работам на одржување на истото.
Најважно е здравјето, се друго е небитно и може да се купи со пари, но доколку го немаш здравјето а се останато ти е совршено, тогаш се ти е џабе.
Љубовта дефинитивно. Дури и кога би била болна, па и кога би починала, би починала со насмевка на лицето ако знам дека до мене имало некој кој ме сакал безусловно.
Во моментот кога еден човек се раѓа, прво најважно е да е жив и здрав. Потоа најважно е психичкото здравје. Кога еден човек е психички и емоционално здрав и се чусвтвува убаво, ќе биде здрав и физички и нема да го фаќаат болести. Кога еден човек е психички здрав, тој е човек. Кога еден човек е човек тој е чесен, им помага и е добар со останатите, лојален е и знае да сака. Кога еден човек е чесен, лојален и добар и знае да сака, тој добива љубов во повеќе облици, поточно добива другари и животен сопатник, а потоа остава и свој потомок. Кога еден човек е психички здрав, тој размислува позитивно. Кога еден човек размислува позитивно, тој е сонувач и има големи амбиции и желба за успех. Кога еден човек има амбиции и желба за успех, тој постигнува успех. Кога еден човек е успешен, тој добива почит од останатите Кога си успешен имаш и пари, а ако си психички здрав рационално ги трошиш парите, а од нив одвојуваш и за да бидеш хуман. Кога си хуман си човек.
Најважно пред се е да се почитуваш себе си,за да можеш и останатите околу тебе. Да знаеш да делиш љубов,а не омраза. Да го цениш тоа што го имаш.бидејки тоа што ти го имаш,некој го нема. Да се заблагодаруваш на бога што имаш храна и кров над глава. Да го чуваш и негуваш своето.И да не гледаш да го имаш туѓото,затоа што можеш недај боже и своето да го изгубиш. И исто така МИРОТ и спокојот,но и здравјето и среќата.
Здравјето е неоспорно најбитно, но мене исто ми е многу битна мојата чиста совест и тоа кога ќе легнам навечер, знам дека никому не сум му наштетила и дека никому ништо не му должам.
Според мене и моето досегашно искуство, за мене, најважно во животот е да си покрај саканата личност (за партнер зборувам). Љубовта да е обострана, возвратена. На крајот од денот не се важни ни удобните канцелариски фотељи, ниту скапите ташни, парфеми, накит... На крајот од денот не ми е важно дали сум била во луксузен ресторан, дали сум се возела со прекрасен автомобил. Напротив. Многу повеќе ми значи после сите лоши или добри работи што ми се случиле тој ден, да има човек кој ќе биде тука да ме прегрне. Во тој момент сфаќаш дека ништо друго на светот не е толку вредно како таа прегратка, како таа насмевка и очи полни љубов. Знаењето дека некој те сака и е тука за тебе, дека ќе направи се за тебе - тоа е најважно. *Многу пати до сега ги имам изгубено саканите личности, затоа со сигурност кажувам дека ова е така. Можеби сега, кога имате некој не го земате мило за драго, но кога ќе го изгубите ќе сфатите... за жал, некогаш е премногу доцна, па така осаменоста, каењето, суетата и гордоста ќе бидат единствени кои ќе ве гушнат ноќеска.