Здρавјето е многу важно. Можеш да бидеш сρеќен и почитуван и со паρи и без паρи, ама ρеално сите тρчаме по паρи. Κолκу и да не ни значат- потρебни се. Па κонечен одговоρ би ми бил: здρавје и паρи доволни за да си ги пзадоволиш потρебите.
Јас секогаш велам, најважно е човек да не е болен, да не е гладен и да не е жеден. После тоа следи душевниот мир. А на крајот се останатите неопходни средства, како домот, облеката, парите и слично. Важно е и да ги имаш покрај себе своите сакани. Се друго е не толку битно.
здравјето, затоа што здрав човек е и среќен човек, може да основа фамилија, да оди на работа, а без здравје нема ништо..
Здравјето е најважно луѓе златни, после мирот во душата и после..кој како си ја нареди. М? Или како ке му ја наредат, ама тоа е веќе нешто друго И да, семејството. Топло семејство за кое повеќето од нас копнееме по тоа....
Најважната работа во еден живот е здравјето на човек, бидејки да си здрав значи дека можеш да работиш и да заработуваш, колку повеќе си здрав и енергичен толку повеќе имаш елан за работа и поголема заработувачка. Љубовта како така доаѓа, оформуваш семејство, имаш пород, имаш серќни и радосни моменти, задоволство, исполнетост, свој дом и семејство, ако се нема здравје ниедна од горенаведените работи не би имала смисол во животот. Затоа здравјето пред се е најпресудно.
Најважно за мене во животот ми е да имам среќа и здравје да успеам во животот затоа што сонувам мајка ми да се гордее со мене и да биде среќна бидекќи она тоа го заслужува колку испатила со мене во животот, и осто така и татко ми да се гордее горе на небото да ме гледа како сим среќна но не без него :/. А за другите е важно осто така здравје љубов среќа и пред се да не се дисктиминираа бидејќи знам како е тоа. Девојки се најубаво нека ви е у животот*
Моите најблиски да се живи и здрави , па потоа среќени па ако си среќен тогаш има и љубов и ете ми го најважното во животот . А успех , кариера ,пари се брака и сестри на овие погоре без нив или ке ги немаш или ке ги изгубиш...
Душевниот мир и безбедноста и спокојт каде што живеам. Мозок. Љубовта во сите облици. Среќа на секое поле.