Здравје, среќа и пари. Кога има пари има и среќа. Кога нема пари неможеш ни лекови да си купиш со тоа нема здравје. Тој што смета дека љубовта е најважна во животот се лаже, бидејќи љубовта нема да ти го наполни стомакот или да те облече, да те прошета и така натаму, сето тоа го прават парите......
Мислам дека имаше ваква слична тема на која имав пишано дека среќата е најбитна. Ако имаш среќа, имаш пари, здравје, пријатели, фамилија... имаш сè.
Здравјето е најбитно, ако го немаш него, немаш ништо.И милиони да имаш ако немаш здравје се е залудно
Здравје, среќа, љубов, бистар и мудар ум и пари. На мене се ми е подеднакво важно, затоа што едно без друго не оди, потребни се сите вредности за хармонија.
Најважно во животот е семејството да ни е живо и здраво, секако и сопственото здравје. Ако тоа го имаме, ќе имаме доволно оптимизам, воља и сила за се останато сами да си наредиме како нас ни е ќејф.
Најважно во животот е кога во секој момент ќе се чувствуваш убаво и кога секогаш ќе бидеш полна со воља за живот
Нашите суштински верувања за животот, за неговата смисла, за светот што не опкружува и за нас самите го одредуваат нашиот светоглед, нашите вредности, па и тоа што ни е најважно во животот. На нас христијаните најважно ни е да се помириме со Бог и да се трудиме да бидеме во центарот на Божјата воља. Се друго е минливо, краткотрајно и во голема мера не зависи од нас. Чувството и сознанието дека Создателот на Универзумот е твој татко, карпа и заштита е неописливо, дава мир, радост, љубов дури и во ситуации кога поминуваме низ темни долини и тунели во нашите животи. Ако го имаш Бог за свој татко, имаш се, го имаш оној во чии раце е и иднината.
Да му умре козата на комшијата Мала шала Најважно ми е здравјето на најблиските и моето.Ако не држи, се останато ќе биде во ред.