Најважно во животот е никогаш да не пропуштаме можности, затоа што чинат многу, а не се толку чести. Можностите и упорноста, т.е. дисциплината создаваат вредности кои се нарекуваат пари. Парите ми се важен дел од животот и сакам да создадам некој вид свое име, затоа што на крајот парите се една одлика на нашата успешност, а отвораат и многу врати низ животот. Да, здравјето е битно, но финансиите носат и поквалитетен живот, поквалитетна храна и можност за поквалитетна здравствена услуга. Така да јас парите ги ставам како едни од најважните.
За мене најважно во животот е пред се здравјето, душевниот мир, спокојство, хармонија, љубовта и среќата, човечноста и добрината.
Најважно во животот е да сме добри набљудувачи и од таму да ја развиеме способноста за носење на добри одлуки кои би влијаеле позитивно на нашиот живот.
Еве за оваа тема нешто накратко, бидејќи е стварно прекасна и има многу за зборување. Во животот е најважен ЖИВОТОТ. Тој е еден голем дар, затоа што сите сме родени СОВРШЕНИ. Секој може, да има се што ќе посака..Само треба да знае што точно сакате,да работате и да бидете се што ке посакате.Вие сте магнетно поле привлекувате се околу себе.Ако мислите позитивно ќе привлекувате позитивни работи,а ако мислите лоши ке ви се случуваат лоши работи, бидејќи сличностите се привлекуваат. Мислите стануваат реални, а вие самите сте господар на вашите мисли..На кратко речено вие како единка сте најважното на самиот себе си.
Најважно во животот е на време или што порано да сфатиш дека животот е еден и единствен за да не го дочекаш оној момент кога е време да си заминеш од него а не си го живеел како што сакаш. Поради тоа живеј го секој ден максимално, имај цели, бори се и не се предавај, прашувај, обидувај се, сакај, греши...за кога ќе погледнеш назад да бидеш задоволен од она што ќе го гледаш.
1. Здравје - јер без него не се може 2. Љубов - поттикот на среќа 3. Среќа (а, не како оние на Титаник) 4. Благодат (деца) 5. Финансии (затоа што сепак тие деца од нешто треба да живеаат, а ако ги немаш и ќе бидеш несреќен, и нема да можеш да си го одржуваш здравјето. Иако сметам дека каде има љубов, таму ќе има и плод)