Најважно е да си среќен,здрав и задоволен од себе... Е сега секој го прават среќен различни работи...
da i ja se soglasuvam so toa deka vo denesno vreme najvazni stanaa parite i seksot no sepak toa zavisi od nas samite... sekoj ima razlicno mislenje,eve ja mislam deka najvazno nesto vo zivotot e ljubovta....koj gi odbira parite i seksot mnogu gresi posto toa e samo minlivo zadovolstvo
Најважно во животот е ништо да не се множи со нула, пошто тогаш се создава дупка во времето и просторот... ете ова...
Се зависи едно од друго. До душа,да не бевме алчни по природа можеби ќе наброев само едно.Сепак,сите повисоки вредности,како мирот,мудроста,спокојството,здравјето,љубовта,среќата,богатството,славата,пријателството и сите други одат во пакет.
ЗДРАВЈЕ,СРЕЌА,ЉУБОВ И СЕМЕЈСТВО...СЕ РАЗБИРА И ПАРИТЕ АМА НАЈПРВО ОСНОВНИТЕ РАБОТИ зошто со парите ќе неможам да купам здравје,среќа,љубов и семсејство.....а без тоа не можам да живеам и да дишам-мене ќе ме нема доколку ги немам основните работи за опстанок!!
jas mislam najvazno vo zivotot e da si kulirame i se ke bidi okej vo smisla ako ne se nervirAS za niso se ke ti bidi pogodeno iako ustvari ne ti e ....
Само оние што не се добро ситуирани можат да го разберат ова што го велам. Се е во парите, каде и да се свртиш е во парите. Ако имаш пари, можеш да си дозволиш излегување на убави места и добра дружба. Искрено и реално на денешницава ако немаш пари не те ни дружат. Имаш да речеме другарки добро ситуирани, се наоѓаш во нивна околина. Знаеш каков комплекс можеш да си набиеш гледајќи колку можат да си дозволат? А ти лигавиш еден сок цела вечер. Почнуваш да се повлекуваш и да се затвораш сам во себе затоа што не се сметаш рамна на нив и искрено те иритира тоа што се чувствуваш така. Едноставно, неможеш да си дозволиш. Значи парите влијаат и на социјалниот живот. Тука ќе спомнам и една болна реалност. Детето од Кавадарци, Емил мислам се викаше. Ах колку ми е жал Да имаше тоа дете пари ќе си го купеше здравјето. Значи со пари можеш да си го купиш и здравјето. Поговорката дека со пари здравје не се купува е измислена тогаш кога медицината не ни била толку многу напредната. Кога имаш пари имаш и среќа. Денот ти е организиран секогаш. Кога имаш пари имаш и љубов, затоа што често излегуваш и се движиш низ народ редовно. Притоа си добро облечена, средена од глава до пети тип топ. Значи сигурно ќе те загледа некој. Гледате? Се е во парите, најважни се во животот. Кога ги имаш нив имаш се. Реално...
Најважно е постојано да си задаваш некоја цел и да ја исплониш. Ако немаш цели, тогаш нема зошто да зивееш!
Целосно си во право, јас неможам да кажам дека не сум ситуирана- се сметам са припаднична на средната класа (ако ја има) нити сум многу богата нити многу сиромашна. Моите родители имале среќа во животот и доколку и јас кога ќе дипломирам се вработам мислам дека нема да имам проблем да си дозволам нармален живот. Ама проблемот во оваа земја е што за се се извртени вредностите. Народот бидејќи нема пари е премногу огорчен, не смееш да кажеш нешто добро за тебе или да се пофалиш дака си купил нешто. Јас мразам такви снобови кои што наводно имаат пари а всушност се заглавени во кредити а глумат синови на бизнисмени ( има исклучоци, не се сите со кредити секако). Таквите ликови не мрдаат ни 100 метри пеш и по цели денови киснат буквално речено во тренди кафичите. Јас неможам да се дружам со такви иако имам и пари за тоа и можам да ја земам и колата па и јас да се возам низ град ама едноставно не сум така воспитана. Јас ги ценам вредностите кај луѓето. Сакам да се дружам со некој со кого можам да направам нормален муабет а не само некакви глупости и оговарање на другите луѓе. Сакам да дискутирам за книги, за географија, за образование и сл. А тоа ретко се наоѓа кај такви “шемаџии“ Зборот ми беше дека сум свесна за беспарицата. Колку пати некоја од моите другарки ми има кажано неможам денес да излегувам бидејќи планирам да излезам во Сабота, тогаш ќе ми требаат пари. Или како да и приговорам на едната другарка зошто не сака да дојде на одмор кога знам за колку пари работи мајка и. Ама работата е што никој не се искажува како му е сите глумат нешто, а добро знаеме колку проценти од луѓето живеат на висока нога. Мене ми пречи што ги нема они дружења, што мора да е така- за да одиш некаде мора да имаш пари, што ги нема оние седенки само за да се видиш со некого туку сега мора да се позира- да бидеш виден. Виртуелното дружење го замени реалното. Место да се видам со другарката што живее преку улица ние си пишуваме на мсн. Народот стана воејер- не оди никаде без апарат- става по 30 албуми на ФБ, опседнат е со животите на другите луѓе, а заборава да го живее неговиот. Мене најмногу ме погодува кога ќе видам како родители со облека од пред 30 години и штрби испраќаат девојка на автобуска која е средена од глава до пети и облечена во последна мода- зарем нема малку грижа на совест спрема своите родители?. Жалосно е колку се изместени вредностите, жалосно е што сите нешто глумат, жалосно е се што се случува во општеството, што ретко има вистински пријателства, што се е сведено само на дружење од корист, што нема искреност, што парите се мерило дали некој е човек или не. Им завидувам на оние што живееле во 70тите и 80тите- тогаш барем имало реални вредности
Од една страна си во право.Можеш да си дозволиш излегување на убави места и добра дружба,да, може да влијае и на социјалниот живот ако си го дозволиш ти тоа.Смеење,журкање она ова,се е убаво.А нели мислеш дека уствари тоа ти е привидно? Површно? Површна среќа,површни другарки,површна „искреност’’,површна ЉУБОВ! Едноставно,не е основата парите.Парите се секако,да ти го олеснат животот.Човечкото око е ненаситно.Ако имаш ти пари,ќе тражеш повеќе и повеќе,тука веќе стануваш огорчен,алчен,знаеш да уништеш и нечиј живот,го зборувам ова зашто сум го осетила на своја кожа. За здравјето,да во право си.Парите можат да го купат здравјето,ама ретко кој знае да го користе тоа правилно.Кога веќе имаш пари,парите ги трошеш на безвезални работи.А кога ги имаш доволно или помалку од доволното знаеш помудро да ги искористеш зашто знаеш дека нема да имаш повеќе или знаеш дека си ги заработил од твој труд. Јас пак ќе кажам,алчни сме ние луѓето по природа,не можеш да наброеш што е најважно.А и се зависи едно од друго.
Правило некое е тоа дека ако имаш пари и љубовта и среќата и дружбата ќе ти бидат површни? Ај донт тинк соу. Да знаеш како би била среќна кога би имала секој месец да си приуштам за шопинг. Да видиш колку ќе ме исполни тоа. Не е површно.Така го прикажуваат по филмовите тоа, за сиромашните да се тешат. Јас познавам лично еден куп луѓе богати и среќни.
Правило? Никако. Не велам дека сите богаташи се расипани или несреќни или слично. Но нели мислиш дека повеќе би те исполнило тоа да знаеш дека ќе имаш вистински пријатели со тебе,а не од корист?