Се додека имате некој што ве сака и почитува, се додека сте здрави вашите сакани, се додека имате со кој да споделите среќа и тага, добро и лошо, Тоа ми е најважно. Се друго може да се купи, поправи или заборави.
Љубов кон се' - кон луѓето, животните, природата. Уште поубаво е кога ќе ја добиеш таа љубов назад. Здравје. Убаво рекле, ако не сме здрави, џабе ни е се друго. Потоа, едноставно да ја пронајдеме таа една работа (или повеќе) што ќе не прави среќни, колку и ова да звучи клише, но вистина е, да ја спроведеме на дело и да бидеме исполнети од неа. Било да се работи за работа или хоби, мислам дека тоа е всушност смислата на се, да најдеме за што сме дојдени на овој свет, дека не е за џабе, да има нешто што ќе не води напред дури и во најтешките мигови. И за мене, патување - макар до најблиското село или град, запознавање на нови луѓе, стекнување нови искуства..
Секако дека здравјето, од здравјето започнува и завршува се. Кога човек е здрав ништо не го спречува, може да оствари се што ќе посака.
Најважно е да се нашите сакани живи и здрави, верувајте само тоа е важно. Во мојов живот ги изгубив мајка ми и брат ми, сега со татко ми сме потпора еден на друг, ама толку мнооогу ми недостасуваат бато и мама не можам да опишам, нема ден да не помислам на нив, би дала се што имам за да ги видам и гушнам уште еднаш барем...
Што помалку денови со огромен стрес, среќна сопруга и дечиња, семејна хармонија и здравје. За останатото е помалку битно
Најважно е да се сите дома здрави, живи и на број Да се има мир и спокој во куќата.Друго се ќе си дојди самоод Бога.Но знам дека кај мене секогаш ќе фали една личност мојот татко кој почина и не напушти пред 3год.Имам болка и празнина за навек која нема никогаш и со ништо да се пополни..!!
Сите членови на семејството да ми се здрави, живи и на број. Да не се намалува бројот на столчиња на софрата, само да се зголемува.