Што е најважно во животот?

Дискусија во 'Психологија' започната од Pennyroyal, 30 декември 2009.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Елизабет, секако дека и да имаш и да немаш пари, вистински пријатели не постојат. Јас многу одамна престанав да живеам во тие бајки. НЕМА едноставно нема вистински пријатели. А знаеш што е најтрагичното? Секој сака да има вистински пријател, а никој незнае да биде.
    Не ја тупете џабе, или не сте го осетиле влијанието на сиромаштијата или незнам, сеуште живеете во свет во кој вие го замислувате. Ама погледни реално, реееееално околу тебе и забележи што се случува. Ќе видиш изопачени умови со искривени вредности за животот. Вие живеете со мисли за она што ТРЕБА да биде, а не во она што ВЕЌЕ Е.
    И јас знам како треба да биде, сите знаат... Ама не е така како што сакаме да биде, е многу поинаку и поболно, но реално. Подобро ќе живеам во реалноста, отколку да фантазирам па да ми се скршат сите сни и надежи за подобро утре во една ваква мизерна држава со никаков политички режим.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    35.591
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Џабе му е на некој ако има пари, а здравјето не го служи баш најдобро. Или пак ако има пари, а нема среќа, љубов и семејство. Секако дека и парите се важни за еден скромен живот.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ќе си го купи здравјето. Освен ако е ХИВ позитивен, а за тоа никој не му е виновен. За се друго медицината измислила лек. :)
     
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    35.591
    Пол:
    Женски
    Во право си за тоа. Меѓутоа, за некои болести нема лек, за жал. Со оглед на тоа какво е здравството кај нас, ако немаш пари, готов си.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ако кај нас здравството не е како што треба, е во некоја друга земја, а кога ќе имаш пари ќе имаш и да си платиш. Врати се назад во темата, ќе ме најдеш како со факти и докази објаснувам дека во денешно време парите се најважни. Тоа не го мислам јас, го мислат луѓето околу мене, а јас реално набљудувам што се случува. Несакам да се тешам дека парите не се најважни затоа што ги немам. Најважни се. Кога ги имаш нив имаш се. Ја гледам реалноста, болната и сурова реалност во која владеат извртени слики за вредностите во животот произведени од изопачените умови.
     
    На barbie-hilton му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Offspring!
    Не дека живеам во некој свет во кој треба да имаме вистински пријатели,среќа,љубов на сите страни и се розево да ми е.
    Искрено,никогаш розево не ми е било.Сум трпела за леб,сум работела на 15 години и убаво знам како е да бидеш во сиромаштија.Парите се да ти го ОЛЕСНАТ животот,ама не значи дека ако имаш пари ќе ги имаш сите вредности.Парите се важни,ама не и најважни.Вистински пријатели секако дека ретко ќе се најдат,ама се повеќе се најдуват оние од корист и баш заради тоа што имаш пари.Ме снајде голема тешкотија баш заради алчноста за пари. Може не сум осетила како е да бидеш богат,да имаш се на располагање,другарки,журки, да бидеш облечена најтоп,сите да те гледаат и да ти завидуваат.Ама поентата е дека јас не барам повеќе од доволното! На крај,поентата е дека не можеш да кажеш што е најважно.
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  7. povredena-83

    povredena-83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Da i parite se del od sekojdnevieto i zivotot no nese presuden faktor za sreca.Srecata e vo semejstvoto vo vasite najmili i najsakani sustestva koi go socinuvaat i se del od vasiot sekojdneven zivot :inlove:
     
    На nenuska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.751
    Семејството, најблиските луѓе. Без нив не би била ништо. Тука спаѓа поддршката, љубовта, разбирањето, комуникацијата, стабилноста.
    Здравјето, мое и нивно.


    За мене, конкретно...
    Сопствената самосвест, разум.
    Ирационалните инспиративни полиња.
    Љубовта што на овој свет ужасно му е потребна.
     
  9. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Најпрво здравје,среќа,љубав,пари,образование,приателство.....па се останато... :rofl:
     
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Со дарки се сложувам за парите и здравјето . Денес за се има лек , ама за лекот и пари треба да имаш ;)
    Љубов ако имаш а пари не .. и тогаш е тешко . Нема со дечкото/мажот у продавница да идете и да речете ние се сакаме , леб дајте ни .
    Образованието , здравјето , блиските луѓе .
     
  11. Severina

    Severina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    jas mislam kako i poveketo na forumov deka pred se e zdravjeto .Ljubov, semejsvto, pari kariera ova ona se treba za sreken zivot ama ako ne si zdrav se ke ti bidi za dzabe oti ke nemozis da uzivas vo prethodno spomenatite raboti.mi se ima sluceno bas za taa vecer da imam top pari se pogodilo penzija na baba, plata na tato znaaete kako odi i od segde paricki ama nemozis da izlezis oti si bolen i za dzabe ti e :( ne e taka?
     
  12. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Среќно и хармонично семејство, се друго е некако минливо..
     
  13. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Што ќе ти се пари ако немаш здравје
    Што ќе ти е здравје ако немаш љубов...
    Најважни во животот се среќата и љубовта, а парите се мал детал што многу значи! Да бидеме искрени не се живее од љубов и вода :)
     
  14. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Се согласувам, од љубов и вода не се живее но колку што не се живее без пари толку и не се живее без љубов. Според мене најважно нешто во животот е љубовта ( спрема семејството, животниот сопатник , пријателите и секако спрема самите себеси ) потоа здравјето и мирот :P
     
  15. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Не се согласувам. Здравјето навистина е најбитно од се...а после него љубовта и парите. Прашај некој тешко болен богаташ, што ни сите пари на светот не можат да го излечат, дали ќе се согласи со твоето тврдење.Би ги дал сите негови пари за само еден ден поминат без измачување... А тоа за кутрото детенце Емил, се согласувам со тоа дека парите него можеа да му помогнат, ама некои не може ни тоа да ги спаси. Пример од пред околу една година, што му се случи на 16 годишно дете(мој познаник, прв братучед на моја многу добра другарка). Детево заболе од рак, нешто како рак на лимфна жлезда мислам дека беше. Во добра материјална состојба, неговите родители пробаа на сите можни начини да го излечат...Па го носеа во странство, ги плаќаа најскапите клиники и најдобрите специјалисти...Пробаа дури и со алтернативна медицина... Кога детето се врати од Германија, каде што беше лекуван во една од најдобрите клиники, се врати со дијагноза дека ракот му е излечен, дека во неговото тело повеќе нема малигни клетки. Но...по неполни два месеци, на детето му се влоши состојбата. Во паника, неговите родители повторно го пратија на лекување. А од таму, го вратија по една недела, со објаснување на родителите дека нема спас за него...и дека подобро е последните денови да ги помине дома, со своето семејство :( Од тогаш, па се до наредните 20-тина дена, детето беше во агонија од болки и маки. Температура над 40, најпрво му откажа црниот дроб, пожолте целото, па потоа бубрегот... :( И после претешки болки и маки почина ;(
    Плус имаше и еден друг случај, сигурно некои од вас се сеќаваат, за едно девојче се собираа пари преку хуманитарни акции, парите се собраа, девојчето го пратија на операција... и после неколку месеци умре :( И што кога собраа пари? Кутрото девојченце пак не преживеа :(

    Значи, ЦВРСТО СТОЈАМ ДО ТВРДЕЊЕТО ДЕКА ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЕ! А за се друго останато, нормално е дека треба да постои баланс помеѓу љубов, пари.... Вистина е дека и да има љубов, ако некој е премногу сиромашен и љубовта се претвора во проблем...Секојдневни кавги, плачење, 'рмбање... И обратно, премногу пари, а недоволно љубов- лоша комбинација. Ниту во двата случаи не постои среќа. Значи, еден баланс помеѓу овие две. Не за џабе вели онаа свадбарската песна:
    “Среќата со пари не се купува,
    ама и без пари ич не бидува“
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Здравјето е пред се!
    После е најважна среќата, љубовта,слободата,мирот,семејството..Се подразбира и дека парите сепак имаат значајна улога.,покрај се.
     
  17. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    здравје најпрво но кога подобро ќе размислам без пари и добра ситуираност па и нема баш здравје,ете ти нервози,замарања и тако даље.значи се согласувам дека здравјето е најважно,но хармонија на секое поле мене ме исполнува,па и малку парички не се на одмет,а без љубов никако.кога би требала да бирам помеѓу здравје и пари би ги избрала и двете :rofl: ,па нема да одстапам од тоа освен во некои ептен елементарни состојби :lol: :lol:
     
  18. malena23

    malena23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    5
    vo zivotot bitno e da imas realni ocekuvanja od samiot sebe za da ne se razocaruvas ...bitno e da pocituvas luge sto te sakaat i ti sakaat dobro da ne gi izneveris tie sto te rodile i odgledale ...megutoa sekogas da ja sledis intuicijata ama da ja preispitas kolku e razumno toa sto sakas da go napravis sledejki ja nea...vazno e covek da si ima racisteno samoit so sebe taka ke go najde mirot vo dusata sto po mene e mnogu bitno za da se oseka sreken vo zivotot .
    [mod-kirilica:2vqr8f1m][/mod-kirilica:2vqr8f1m]
     
    На peperutkaa и julie77 им се допаѓа ова.
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Најважно е се кога е целина :)
    најнапред здравје за да можеш да можеш да сакаш, да сакаш за да си среќен,да си среќен за да можеш да ствараш, со стварањето твое правиш среќни и други околу тебе.........
    значи сепак се тргна од здравјето, ако имаш здравје ќе имаш и љубов и среќа и пари и семејство и убави моменти и СЕ :*
     
  20. baby-doll

    baby-doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    13
    Никогаш неможе се да ни биде совршено во живото, секогаш мора нешто да ни фали и тоа е тоа што го прави интересен. Треба да си навистина роден под некоја ГОЛЕМА среќна ѕвезда за да ти оди се од рака, ама неверувам дека постојат такви луѓе.
    Верувам дека патот до среќата е во духовното богатство (љубовта), а не во материјалното(парите).
    И понекогаш за да бидеш среќен ќе мораш да ги игнорираш нереќите во животот кои те прогонуваат.
    И за крај насмеј се колку и да ти е тешко :)