Приоритетите се менуваат со годините а зависат и од личноста и ситуацијата во која се наоѓаме. Тој што нема пари а има љубов и здравје обично мисли дека во парите е СЕ, се додека не изгуби нешто од тоа што го има. Тој што има пари а е осамен или болен-би го дал сето богатсво само да е здрав или среќен во љубовта. Ептен површно ми е мислењето дека со повеќе пари повеќе ќе ме ценат и ќе ме викаат во друштво, па ќе набивам комплекси затоа што лигавам еден сок...одсекогаш сум се дружела со луѓе блиски до мојата материјална состојба, па дури и да излезам со побогати отворено сум си кажувала колку имам и колку можам да си дозволам...Не дозволувам некој да ме цени или јас да ценам по парите (знам дека во реалноста така се функционира) но во мојата реалност јас си ги поставувам границите...ако се фрустрирав секојпат кога некој се дотерува повеќе од мене, или излегува на поубави места од мене, или купил поубава кујна од мојата...ќе се изгубев некаде на пола пат и немаше да бидам јас-ЈАС. ЗДРАВЈЕ пред се за мене и моите најблиски!
Многу работи ми се важни во животот посебно оние кои би требало да ме исполнувааат но во моментов би кажала само една работа што ми е најважна,што сакам да ја имам ама ја немам а тоа е спокојството во душата и малку мир и се надевам дека ќе успеам да ја задржам присебноста на мојот ум
да дишеш и да бидеш жив со сите мистерии кои ги носе животот,да живееш во исчекување,тоа е најважно и најбитно заедно со здравјето,не е интересно и само да бидеш здрав,чат пат настинат но во глобала да си здрав и жив е најбитно
мене лично ми е најважно здравјето на мене и на моите најблиски после доагаат другарство и на крај незаменливите пари-, кој ги нема тој си знае како му е не за џабе се рекло по нашки дека парите се отепувачка цел свет се врти околу тие банкноти и монети, леле аман пусти да останат Наполеон Бонапарта го измислил слоганот-пари, пари пари и светот е мој
Од лично искуство ќе кажам дека за мене здравјето е на прво место. Џабе се пари, убавина, слава.....немајќи здравје, тоа пропаѓа во вода. Ако си здрав можеш се’ да постигнеш. И да имаш материјално богатство и да стекнеш слава и пријатели. А парите?? Да, денес се’ се врти околу нив. Но, тие се променлива категорија. Денес ги имаш- утре не (и обратно).
една и најважна е здравјето, но секако мора да имаш слога со фамилијата љубов да си чесен да знаеш да се соочиш со проблемите и што би рекла другарка ми ~среќа~
Многу убаво прашање.НАјважно од се на сите луге треба да не е сопственото здравје и здравје на нашите најблиски и најдраги после тоа следуваат среката внатрешниот мир хармонијата со самите пред се а потоа и со сите останати, сатабилноста финанскиска односно добра работа која ке не исполнува и секако ке биде платена.
Ако би бирала за една работа која е најважна, тоа ќе биде ЗДРАВЈЕТО, особено душевниот мир. Со парите може да се излекуваш од болест како рак и сл, ама никој не може да те излекува со пари од душевна болест, тоа се е до мозокот.И јас познавам луѓе кои се богати и кои не ги сакаат тие пари само за да се излечат од тие депресии, стравови-се што е во команда од мозокот. Иначе кога имаш здравје, тога можеш да сакаш, а ако сакаш ке бидеш сакан, ете ја таа љубов која е неизбежен дел од нашите живот, која ги имаш веќе здравјето и љубовта, е тогаш си среќен. А потоа се доа ѓа само по себе парите, другарството, работата, факулетот.
Да изградам успешна кариера, по цена на се. Свесна сум дека се би оставила за тоа и не ми се верува дека сум таква. Ама тоа е .... НО без здравје џабе е се...
Да научиш да одиш. Да научиш да зборуваш. Да научиш да гледаш. Да научиш да се сакаш себе си. Да научиш како да уживаш и во најмалите работи во животот. Да научиш да сакаш. Да избереш луѓе кои, како и ти го научиле сето тоа.
Здравјето е дефинитивно најважно. Ако се нема здравје, се друго е безвредно. Потоа следат семејството, пријателите, хармонијата, среќата, парите... И многу важно: Способноста да се радуваш на малите нешта.
Здравјето пред се !!! Можете да имате многу пари, можете да ги имате најпосакуваните мажи, можете да сте и највлијателни луѓе на свет, но доколку го изгубите здравјето се е ништо. И секако подршката и љубовта од семејството и саканиот.
Пред некое време мислев дека парите се најважни но после една случка открив дека ЗДРАВЈЕТО е најважно. Меѓутоа после здравјето пари и кариера, љубовта не е толку битна се купува во денешно време ако си паметен