дефинитивно здравјето а посебно кога стануваш родител посакуваш само здравје за своите деца,се друго се губи и стекнува повторно
Само да сум си здрава и жива се другото се прави и постига како што кажуваат постарите се самото ке си дојде.
Во животот се губи смисла кога ќе изгубиш некој близок човек,.. колку и да имаш пари , добра работа, убав љубовен живот , кога си заминува тој што го сакаш најмногу се друго е споредна работа ! Затоа здравјето и среќата на прво место .
Мислам дека е среќата. Среќата, од проста причина што доколку имаш среќа, имаш буквално се`. Имаш здравје, имаш љубов, имаш внатрешен мир, хармонија, позитивни мисли (мисли кои што не тераат да одиме напред и да ги занемаруваме лошите работи кои што секојдневно имаат способност да не бутнат на дното), имаме луѓе во вистинската смисла на зборот во нашиот живот распоредени на вистинските места. Едноставно, повторно ќе кажам, среќата е многу важен фактор, за што и да направиме таа е најпотребна, без разлика дали станува збор за мал потег или потег од поголеми размери.
Кога имаш среќа имаш се, се само ќе ти дојде, кога немаш го губиш и тоа што си имал. Ова вака би требало да биде Али мене најбитно нешто во животот ми е љубовта, која верувам дека ја најдов и несакам никогаш да ја изгубам. Кога би ја изгубила е тогаш не би имала навистина ништо, и тогаш ни среќата не би ми била потребна
Спорд мене,а мислам дека сите ќе се согласите,најважни во животот се родителите.Ти дават сила,те храбрат да продолжиш да се бориш,те издигаат од дното..Едноставно родителите се потпора на сечиј живот.
не постои само една работа ,според мене едни од најважните се успешна кариера здравја,партнер со кого ке се почитуваш и деца во периодот кога ке стапиш во брак е толку скромна сум си
Се во свое време,кога си млад сакаш пари кога си поодминати години здравје,а некаде помеѓу и љубов..а се треба во животот... Затоа категоријата најважно во животот не ја признавам...во одредени моменти само даваш предност на едното пред другото,а најтешко е кога ке сватиш дека се е минливо...баш се..само тагата останува тука
Во животот се е важно за да бидеме среќни ни треба помалку од се:Здравје,љубов,среќа,успех.... Најважно на мене ми е да бидам среќна и во несреќните денови...
на секој му е најважно тоа што му треба во моментот, на болниот - здравје, на осамениот - лјубов, на сиромавиот - пари .........мислам дека пред се здравје, почит,среќа а се друго само ќе си дојде
^ Еве јас имам доволно пари, ама немам среќа. А среќата никако неможам да ја купам со пари.Можам да купам нешто,некоја облека,накит, ама мене тоа не ме прави среќна.
Прво да си здрав и прав, потоа љубов и разбирање, пари па факултет работа семејство деца старост да дочекаме и внуци тоа е поентата на животот